Хроника

Малолетник нападнал полицаец откако бил пријавен за сексуално вознемирување

24. јануари 2020 - 11:45 | Кајгана

На 23.01.2020 во Полициската станица Струмица од слобода бил лишен малолетник од с.Просениково, кој на 22.01.2020 во 22.45 часот физички нападнал полициски службеник.

Нападнатиот полицаец во моментот вршел службени дејствија, со уште еден колега, по претходна пријава од Д.М. (24) од Струмица за сексуално вознемирување.

Д.М. пријавила дека на 22.01.2020 околу 18:45 часот во близина на спортската сала „Партизан“ во Струмица ѝ се доближило едно лице и почнало да ја допира по телото, по што побегнало.

Во 22:45 часот, полициски службеници од Полициска станица Струмица на плоштадот во Струмица го препознале лицето и при обид да го лишат од слобода, тој физички нападнал еден од полициските службеници и побегнал.

Вчера во 14.00 часот, по преземени мерки и активности, малолетникот бил лишен од слобода.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Коментирај