Група непознати лица нападнале малолетник во трговскиот центар „Бисер“.
Според информациите на МВР, вчера во 23 часот С.М.(47) пријавила дека во средата околу 19,40 часот во трговскиот центар „Бисер“ нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од страна на повеќе лица кои го удирале со тупаници и железни предмети во пределот на главата и телото.
Малолетникот од ударите се здобил со видлива повреда во вид на исеченица на главата и оток и црвенило на рацете и грбот, а напаѓачите избегале. Полицијата презема мерки за целосно расчистување на настанот.