Хроника

Малолетно девојче хоспитализирано со прострелна рана во главата

28. јануари 2020 - 16:14 | МИА

На 27.01.2020 во 14:45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било донесено малолетно женско лице со повреда во главата од огнено оружје.

Полициски службеници излегле на местото и било утврдено дека станува збор за 15-годишно девојче, кое во семејната куќа во Скопје било пронајдено од нејзиниот брат П.С.(18) со прострелна рана, а во нејзина близина имало пиштол „Црвена застава“, сопственост на нејзиниот татко М.С.(58), кој го поседувал со дозвола.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот. 

Коментирај