НБА 2024/2025

Малон: Јокиќ е Супермен, ме замоли да не го вадам од игра

Никола Јокиќ и понатаму е тема на денот во НБА. Рекордот на кариерата од 61 поен, заедно со трипл-даблот со 10 скокови и асистенции против Минесота не донесоа триумф по две продолженија (140:139). Иако Никола испиша нови страници во историјата на оваа игра преку барата, станувајќи трет играч со 60+ поени со трипл-дабл, петти центар со повеќе од 800 тројки, сето тоа не вредеше затоа што Расел Вестбрук уништи сѐ за само 7 секунди.

Тренерот на Нагетс, Мајк Малон, особено ја нагласи желбата на Јокиќ да му помогне на тимот, тој не го напушти паркетот од полувремето, а во игра помина 52 минути и 38 секунди.

„Никола ми пријде по третата четвртина и ми рече дека не сака да го извадам од игра. Само пушти ме да играм, ми рече. Беше во добар ритам, бројките кажуваат сѐ: 61 поен, 10 асистенции, 10 скокови. Овој човек е Супермен“, рече Малон.

Remote video URL

Педагошки го заштити Расел Вестбрук, кој промаши шут при контранапад, а потоа го фаулираше Александер-Вокер по промашената тројка со истекот на времето. Канаѓанецот ги погоди двете слободни фрлања и го донесе триумфот.

„Рас мрази да губи. Тој е перфекционист и натпреварувач. Многумина ќе му се нафрлат, но ние сме тим. Денвер победува и губи како тим, никогаш не се работи за еден играч“, додаде Малон.

Remote video URL

И Јокиќ застана во одбрана на Вестбрук:

„Полета за да го одбрани кошот и тоа го прават суперѕвездите. Затоа тој е посебна личност и посебен играч во НБА“.

реклама

Хајди Клум ги прекрши сите правила на Канскиот филмски фестивал

Read more

Лето 2025: Топ 5 најевтини места за одмор за македонските туристи

Read more

Зверев: Готово е, Ѓоковиќ е мојот тренер

Read more

Од полноќ нова цена на дизелот

Read more

Кошарка

Минесота ќе игра финале во Западот, Бостон намали против Њујорк

Read more

Кливленд шокатно испадна, пирови 44 поени на Јокиќ

Read more

Мајкл Џордан ќе стане стручен коментатор на НБА натпреварите

Read more

На прагот сме на голема сензација и елиминација на Бостон и Голден Стејт

Read more
 

Спорт

Поради досадниот ПСЖ, Французите го менуваат форматот на лигата

Читај повеќе

Раул Асенсио обвинет за дистрибуција на детска порнографија

Читај повеќе

Заврши сезоната за Феран Торес

Читај повеќе
  • play_arrow

Зверев: Готово е, Ѓоковиќ е мојот тренер

Читај повеќе
  • play_arrow

Минесота ќе игра финале во Западот, Бостон намали против Њујорк

Читај повеќе

Ѕвездата на Реал Мадрид го прекина молкот: Доста измислувате

Читај повеќе

Романо: Алонсо целиот свој живот се подготвуваше за овој момент

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто Барса нема да слави на теренот ако утре стане шампион?

Читај повеќе

Иконската Сампдорија падна најниско во својата богата историја

Читај повеќе