Малтешките здравствени работници се заканија со штрајк ако не се откажат фестивалите

Лекарите и медицинските сестри на Малта денеска се заканија со штрајк поради тоа што најавените четири големи музички фестивали би можеле да бидат голем ризик за ширење на новиот коронавирус.

Помеѓу најавените фестивали е и „BPM Festival“ на електронска музија од 11 до 13 септември. Фестивалите би требало да привлечат илјадници странски туристи во август и септември.

Медицинското здружение на Малта најави дека ќе ги затвори сите клиники и ќе ги советува лекарите да ги одложат сите вонболнички интервенции во државните болници ако не се откажат фестивалите.

Синдикатот на медицински сестри и акушерки претходно ѝ постави ултиматум на Владата да ги откаже планираните настани и го обвини премиерот на Малта, Роберт Абел, дека ги избрал „алчните претприемачи“ пред животите на ранливите луѓе.

И фармацевтите најавија штрајк ако не се откажат фестивалите.

Малта укина дел од рестриктивните мерки во јуни и јули, а Абел изјави дека земјата е „отворена за бизнис“. Но, забележан е пораст на заразени лица со COVID-19 по забавата што траеше цел викенд.

Бројот на активни сличаи во Малта денеска порасна од 10 на 150, а повеќе од половината инфицирани односно 85 се мигранти кои биле спасени на море.

Малтешкиот министер за здравство, Крис Феарн, вчера објави нови рестрикции за настаните на кои има повеќе од сто луѓе, но новите правила не ги смирија противниците на фестивалите.

реклама

Што треба да правите по секое вежбање за да стопите двојно повеќе масни наслаги?

Read more

Бил Гејтс: Пандемијата за богатиот свет ќе заврши до 2021, за другите подоцна

Read more

Пет најчести лаги кои жените ги кажуваат за сексот

Read more

УФЦ нокаут како на Зангиеф од Street Fighter

Read more

Свет

Еруптираше вулканот Синабунг во Индонезија

Read more

Конфликти во Белорусија по изборите: Полицијата се судри со демонстрантите

Read more

Дневен преглед на состојбата со COVID-19 во светот

Read more

Малолетник загина, 20 луѓе повредени во вооружен инцидент во Вашингтон

Read more

Вести

Скопјанец обвинет за недозволено поседување оружје

Читај повеќе

Поскапува мазутот, цените на бензините и дизелот остануваат исти

Читај повеќе

Не се исцрпени ни половина од субвенциите за набавка на инвертери

Читај повеќе

Нухиу ги потпиша актите за двојазични полициски амблеми

Читај повеќе

УХМР: Нестабилно време и во наредните денови

Читај повеќе

Изминатото деноноќие регистрирани 466 прекршоци за неносење маски

Читај повеќе
  • play_arrow

Еруптираше вулканот Синабунг во Индонезија

Читај повеќе
  • filter

Проекција: Каква штета би направила во Загреб експлозија како онаа во Бејрут?

Читај повеќе

Се чека планот на МОН за учебната година, Адеми излегува од изолација

Читај повеќе