УЕФА ЛИГА ЕВРОПА 2020/21

Манчестер и Милан во Милано ќе го решаваат победникот, Кејн го урна Динамо

Синоќа се одиграа првите осминафинални натпревари од второто по ранг европско клупско натпреварување во кое фаворитите забележаа победа, додека дербито Манчестер - Милан заврши без победник.

Најголемо внимание привлече пресметката помеѓу гигантите Манчестер Јунајтед и Милан на која сепак изостана враќањето на Златан Ибрахимовиќ на „Олд Трафорд“. Како што е познато, Швеѓанецот го мачи повреда.

Откако првиот дел заврши без голови, „Црвените ѓаволи“ поведоа по пет минути игра преку нововлезениот Амад Дјало, 18-годишен напаѓач од Брегот нa Слоновата Коска. Во стилот на Дидје Дрогба тој одлично го надмудри Џиџи Донарума постигнувајќи гол со глава.

Милан избегна пораз во втората минута од судиското надополнување кога данскиот дефанзивец Симон Кјер по еден корнер со глава ја затресе домашната мрежа, гол кој оди на душа на голманот Дин Хендерсон.

Рома со убедливи 3:0 го среди украински Шахтар со головите на Лоренцо Пелегрини, Стефан Ел Шаарауи и Џанлука Манчини.

Тотенхем со 2:0 оствари добра предност пред реваншот во Загреб против Динамо. Стрелец на двата гола беше Хари Кејн. Кај „Модрите“ 90 минути одиграа Стефан Ристовски и Аријан Адеми, а капитенот во последната минута беше заменет поради повреда. Двајцата и пожолтеа по еднаш во вториот дел.

Арсенал со 1:3 победи во Атина кај грчкиот шампион Олимпијакос и дојде до одлична предност на гости. Мартин Одергард, Габриел и Мохамед Елнени погодија за „Топчиите“, додека Јусеф Ел Араби за Грците.

Ајакс беше убедлив против шавјацарски Јанг Бојс постигнувајќи три гола во второто полувреме преку Дави Класен, Душан Тадиќ и Брајан Броби.

Виљареал изненади со победата од 2:0 среде Киев над Динамо. Пау Торес и Раул Албиол со по еден гол во секое полувреме беа творци на победата.

Во Прага, 1:1 одиграа Славија и Ренџерс. Романецот Николае Станчу во 7. минута донесе предност за Чесите, а Швеѓанецот Филип Хеландер во 36-тата израмни за Шкотите.

Изненадувањето на сезоната, норвешки Молде, се чини дојде до крајот на одличната авантура. Синоќа во Гранада домаќините славеа со 2:0 со головите на Хорхе Молина и ветеранот Роберто Солдадо, обезбедувајќи убава преднпост пред реваншот.

Ревашите се играат веќе наредниот четврток.

Тагови
реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Фудбал

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Read more

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Read more

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Read more

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Read more
 

Спорт

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе

Испаѓањето на Сити донесе нов фаворит за освојување на ЛШ

Читај повеќе

Пеп: Во кој било друг спорт ќе победевме

Читај повеќе

Судиите во Украина пред натпревар ќе одат на полиграф

Читај повеќе