Манчестер Јунајтед е во длабока криза, но зошто навивачите не реагираат?

Најголема казна за навивач на Манчестер Јунајтед сезонава е да го натерате да го гледа неговиот омилен тим. Стерилната игра на теренот, проблемите помеѓу Мурињо и играчите, како и лошите резултати на тимот предизвикаа еден од најголемите европски гиганти да биде сведен на потсмев и пример за хаотичен фудбалски клуб. А навивачите мируваат.

Засега Мурињо ја презема улогата на дежурен кривец за лошите резултати, барем во очите на медиумите. А тој ги обвинува сите останати можни фактори – Пол Погба, останатите играчи, недостатокот од трансфери, фудбалската федерација на Англија, судиите, па дури и противничките екипи. А до кога ќе трае тоа? Веројатно само до крајот на сезоната.

Неколку освоени бодови, неколку испуштени бодови, кавги во соблекувалната и очајно лоша игра на теренот – тоа стана секојдневнието на Манчестер Јунајтед во овие две години. Минатата сезона и покрај лошата игра Манчестер Јунајтед успеа да се искачи на второто место на табелата, но оваа година конкуренцијата е нешто подобра а нивниот состав нешто полош. А сепак, ни трага ни глас од јавно негодување од навивачите.

Синоќешниот резултат од натпреварот против Арсенал воопшто не е лош, но она што остава лош вкус во устата е играта на тимот на Јунајтед. Жозе Мурињо реши да го започне натпреварот без Ромелу Лукаку и Пол Погба, но потоа попушти и ги внесе во игра. Резултатот беше сосема заслужен, но играта на двата тима не беше доволна за навивачите на Манчестер Јунајтед и Арсенал да си заминат задоволни од стадионот. А сепак, ни трага ни глас од јавно негодување од навивачите.

Во моментов тимот на Јунајтед се наоѓа 18 бодови зад лидерот Манчестер Сити – по некоја коинциденција, 18 е точната бројка на бодови кои тимот на Сити ги пропушти во овие две сезони. Нема потреба да потенцираме дека борбата за титулата веќе одамна се одвива без Манчестер Јунајтед, но ако тимот продолжи со ваква игра тешко е да се замисли дека наредната година овој гигант ќе настапува во Лигата на шампионите. А сепак, ни трага ни глас од јавно негодување од навивачите.

И да разјасниме – не се работи за тимот на Манчестер Јунајтед кој го презема Сер Алекс Фергусон во 1986 година, кој беше многу далеку од силниот европски гигант кој го креираше шкотскиот тренер. Не, туку се работи за еден од најбогатите клубови во светот кој може да си ги дозволи најдобрите играчи, кој постојано прави скапи трансфери и кој пред само две години ја освои Лига Европа. Нема аргумент кој може да ги оправда лошата игра и неуспесите на Манчестер Јунајтед. А сепак, ни трага ни глас од јавно негодување од навивачите.

Крајот на сезоната, какви и да се резултатите, веројатно ќе донесе отказ за Жозе Мурињо. Но, која ќе биде поентата на отказот доколку играчите изгубат интерес да играат за Манчестер Јунајтед? Тимот е веќе длабоко заглавен во медиокритет и ќе бидат потребни неколку години за да се „истресе“ ‘рѓата од сите оние играчи кои не играат според нивните можности. Во меѓувреме, навивачите се оние кои треба да го кренат гласот. Време е раководството да престане да го користи клубот како фабрика за пари и да почне да го користи како фабрика за производство на победи, талентирани играчи и титули.

реклама

Фудбал

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Read more

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Read more

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Read more

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе