Фудбал

Манчестер Јунајтед го совлада Мидлзборо

19. март 2017 - 16:55 | А.С.

Манчестер Јунајтед го победи тимот на Мидлзборо со 3:1 во гости во 29. коло од англиската Премиер лига.

„Црвените ѓаволи“ со денешната победа конечно се поместија од шестото место и го заменија Арсенал искачувајќи се на петтата позиција.

На почетокот на натпреварот голманот на домашната екипа Валдес изгледаше прилично расположен и имаше неколку солидни одбрани.

Меѓутоа, по точно половина час игра, Валдес беше немоќен и Белгиецот Фелаини го даде првиот гол за Јунајтед со асистенција на Јанг од левата страна на голот.

Јунајтед ја зголемија предноста со голот на Лингард во 62. минута од натпреварот од 20 метри, а Мидлзборо го намали резултатот во 77. минута кога Гестеде му даде гол на Де Хеа низ нозе.

Конечниот резултат од 3:1 го постави Валенсија со голот во третатата минута од продолжението, откако Валдес направи катастрофална грешка и му ја подари топката на Еквадорецот кој сосе топка влезе во голот.

Коментирај