Манчестер Јунајтед и Интер подготвуваат размена на играчи?

Италијанскиот Интер и англискиот клуб Манчестер Јунајтед, во текот на јануарскиот трансфер период би можеле да направат размена на фудбалери.

Како што пренесува угледниот спортски дневник „Corriere dello Sport“, италијанскиот клуб и го понудил на „Црвените ѓаволи“ Жоао Марио за услугите на Хенрих Михтарјан.

Марио има 24 години, Интер пред една година за него му плати 45 милиони евра на Спортинг, но не ги оправда очекувањата во Милано.

На 43 натпревари постигна само три гола.

Од друга страна, Михтарјан исто така беше купен летото 2016 година, за околу 40 милиони од Борусија Дортмунд, но и тој потфрли, посебно оваа сезона во која и ретко игра кај Жозе Мурињо.

Интер и покрај тоа верува дека Михтарјан би можел да ја врати препознатливата форма од времето кога го носеше дресот на германскиот гигант, и Спалети смета дека може му помогне да си ја врати кариерата во вистински правец.

Нивниот првобитен план бил да го испратат Марио во ПСЖ, а за возврат да го добијат Аргентинецот со италијански пасош Хавиер Пасоторе, но тренерот на Интер Лучијано Спалети го преферира Михтарјан.

реклама

Фудбал

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Read more

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Read more

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Read more

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе