Манчестер Јунајтед ја освои Лига Европа

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед ја освоија титулата во Лига Европа. Во финалето на „Стадионот на Пријателството“ во предградието на Стокхолм, Солна, тие го совладаа Ајакс со 2:0 (1:0). Јунајтед е еден од тимовите кои на 8 август, во Скопје, ќе се борат за трофејот во Суперкупот на УЕФА. Вториот ќе биде Реал или Јувентус.

Жозе Мурињо, менаџерот на Манчестер Јунајтед, најмногу му се израдува на овој трофеј, за кој во минатото говореше со потсмев, бидејќи му ја спаси сезоната и на „црвените ѓаволи“ им овозможи повторно да играат во Лигата на шампионите.

Португалецот го задржа максималниот ефект во финалните натпревари и го освои својот четврти европски трофеј. Тој е едниствениот во Европа со по две титули во Лигата нашампионите и Лига Европа.

Манчестер Јунајтед го освои шестиот трофеј во европските купови и влезе во друштво на Ајакс, Баерн, Челзи и Јувентус, како тим кој има барем еден пехар во натпреварувањата на УЕФА.

Тимот на Мурињо поагресивно влезе во натпреварот, а резултатот го отвори во 18 минута, кога по ударот на Погба топката го закачи Санчез и заврши зад грбот на Онана.

По постигнатиот гол играчите на Јунајтед се повлекоа на својата половина, му оставија на противникот да игра со топката, но тие беа тимот кој имаше контрола врз играта. Малдите фудбалери на Ајакс немаа решение како да ја пробијат последната линија на Јунајтед.

Конечниот резултат го постави Мхитаријан во 47 минута. Ерменецот, кој брилијантно се снајде во петтерецот на Онана и со поло ножички ја затресе мрежата. 

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Фудбал

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Read more

Ел Класико се сели во САД

Read more

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Read more

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Read more
 

Спорт

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе