Погба во натпреварот од Лигата на шампионите во вторникот против Базел, мораше да ја напушти играта поради повреда уште во 18 минута, а докторите денес излегоа со соопштение околу сериозноста на неговата повреда.
Според првичните прогнози, Манчестер Јунајтед ќе остане без својот најплатен фудбалер во историјата во наредните шест недели.
Погба сигурно ќе ги пропушти натпреварите во првенството против Евертон, Саутемптон и Кристал Палас.
Исто така, се очекува да го пропушти и натпреварот против ЦСКА Москва во рамките на Лигата на шампионите, но и квалификациските средби на Франција за Светското првенство во Русија против Бугарија и Белорусија.
Според овие прогнози, назад на терен можеме да го очекуваме кон средината на октомври, односно во големото дерби на Енфилд против тимот на Ливерпул.