Фудбал

Манчестер Сити му се одмазди на Тотенхем и се врати на првото место во Премиер лигата

20. април 2019 - 17:45 | МИА/КАЈГАНА

Екипата на Манчестер Сити го победи Тотенхем со 1:0 во мечот од 35. коло од првенството на Англија. Единствениот гол го постигна Фил Фоден уште во петтата минута.

Со новите три бода, Манчестер Сити се врати на првото место на табелата, пред Ливерпул. Тотенхем е трет, но Арсенал, кој во оваа рунда се среќава со Кристал Палас, може да го помине.

За потсетување, Тотенхем го елиминира Манчестер Сити во четвртфиналето на Лигата на шампионите по драматичниот реванш во средата кој заврши 4:3 за „граѓаните“, но гостите од Лондон поради победата на домашен терен од 1:0 одат во полуфиналето.

Коментирај