Тотенхем се пласираше во полуфиналето на Лигата на шампионите на исклучително драматичен начин, откако го елиминира Манчестер Сити во англиското четвртфинале.
„Петлите“ продолжуваат напред по победата на „Вембли“ со 1:0 пред една недела и пораз од 3:4 во неверојатен трилер на „Етихад“. Ривал на лондонскиот тим ќе биде холандски Ајакс, кој го елиминираше Јувентус.
Реваншот помеѓу Манчестер Сити и Тотенхем понуди првокласно шоу од првата до последната минута. Во првите 11 минути, се случи нешто невидено за натпревар на ова ниво, откако беа постигнати цели четири гола.
Резултатот го откри Рахим Стирлинг во 4 минута. Хон-Мин Син изедначи само три минути подоцна, а во десеттата ги изведе гостите до пресврт. Бернардо Силва, сепак, го израмни резултатот само 60 секунди подоцна. Рахим Стирлинг повторно ги донесе „граѓаните“ во водство во 21 минута.
Во 59-тата, Серхио Агуеро го направи резултатот 4:2, што значеше и пласман за „небесно-сините“ во полуфиналето. Во 73-тата, сепак, Фернандо Љоренте реалзираше за 4:3, по интервенцијата на ВАР.
Во додаденото време, Стирлинг ги одведе навивачите на Сити и менаџерот Пеп Гузароса во делириум, но голот беше поништен поради офсајд по разгледување на ситуацијата со помош на ВАР.
Токму во тој момент, на Twitter профилот на Манчестер Сити се појави твит што најверојатно најдобро ја опишуваше фрустрацијата, шокот и неверувањето на „Етихад“.
„Wfiuhefijvbeojefvnojegfnvepgfjevgpinbgw“, гласи фамозниот твит.