Фудбал

Манчестер Сити одреди колку може да плати за Иско

11. февруари 2019 - 11:23 | МИА
Манчестер, 11 февруари 2019 (МИА) – Шампионот во Премиер лигата, Манчестер Сити е заинтересиран во своите редови да го донесе играчот од средниот ред на Реал и шпански репрезентативец, Иско.

Според „Дон Балон“ англискиот клуб е подготвен да плати 75 милиони евра за евентуален ангажман на Иско.

Тренерот на „граѓаните“, Гвардиола, во Иско гледа долгорочна замена за Давид Силва.

Дваесет и шестгодишниот Иско оваа сезона настапи на 25 натпревари за Реал и постигна четири гола со една асистенција. 

Коментирај