Манчестер Сити синоќа беше елиминиран од Лига купот со пораз од 2:1 кај Тотенхем, но актуелниот шампион на Англија е далеку позагрижен за тешката ситуација со повредите, која дополнително се влоши на овој меч.
Гвардиола ги одмара клучните играчи во Лига купот, но тој план веќе беше нарушен за време на загревањето.
На подготовките за натпреварот се повреди Мануел Акањи, па наместо него мораше да стартува Рубен Диас. Во 63. минута Савињо тешко се повреди и мораше на носилки да биде изнесен од теренот. Тоа не беше крајот на проблемите на Сити со Спарс. Ј
More injury problems for Pep Guardiola and #mcfc.https://t.co/4J6MPtxhJ6
— Manchester City News (@ManCityMEN) October 31, 2024
ошко Гвардиол влезе на полувремето, а потоа се фати за препоните и падна во близина на аут-линијата, а неговиот тренер прв му пријде на помош.

Гвардиол доби удар на десет минути пред крајот. Тој продолжи да игра до крајот на натпреварот, но штом судијата означи крај, лекарскиот тим на Сити истрча на теренот и му пружи асистенција на најскапиот дефанзивец во историјата долго време.
Ова го забележаа и новинарите, па го прашаа тренерот на Сити за состојбата на Гвардиол. Пеп изјави дека на Гвардиол му помогнале и во соблекувалната: „Не знам. Не разговарав со него. Сите беа на масажа, па беше зафатен. Беше премногу гужва. Така што не знам.“
На Гвардиол ќе му биде тешко да го состави тимот за првото саботно гостување кај Борнмут бидејќи сега има дури девет играчи повредени. Заедно со Аканџи, Савињо и Гвардиол ги нема Гралиш, Доку, Де Брујне, Вокер и Боб од претходно. Родри, добитникот на Златната топка, отсуствува до крајот на сезоната.