ЗИМСКИ ТРАНСФЕРИ 2025

Манчестер Сити зимава потроши повеќе од сите 19 премиерлигаши заедно

Макфакс/Кајгана
/ 04.02.2025 / 12:48

Манчестер Сити во зимскиот преоден рок потроши 180 милиони фунти (206 милиони евра) за 4 засилувања, додека останатите 19 премиерлигаши потрошија 177 милиони фунти за нови играчи.

Зимскиот преоден рок во Англија заврши, а во фокусот на вниманието беше Манчестер Сити. На „Граѓаните“ не им е лесно оваа сезона, моментално се петти на табелата со 15 бодови помалку од лидерот Ливерпул, што донекаде ги објаснува активностите на трансфер пазарот што ги презеде менаџерот Жузеп Гуардиола.

„Клубот на Пеп потроши 180 милиони фунти за 4 засилувања во јануари, додека останатите 19 премиерлигаши потрошија 177 милиони фунти за нови играчи“, обајви британскиот јавен сервис BBC.

Аргентинецот Нико Гонсалес официјално потпиша неколку минути пред полноќ и тој е најновото, четврто засилување на Сити оваа зима. Тоа беше и најголемиот трансфер во Англија на последниот ден од преодниот рок. Порто ќе добие отштета од 50 милиони фунти (околу 60 милиони евра).

Претходно од Ајнтрахт Франкфурт пристигна Египќанецот Омар Мармуш за 59 милиони фунти (околу 70 милиони евра), Узбекистанецот Абдукодир Хусанов од Ланс за 33,6 милиони фунти (околу 40 милиони фунти) и Бразилецот Витор Рејс од Палмејрас за 29,6 милиони фунти (околу 36 милиони евра).

Во исто време, тоа е второто најголемо трошење на еден клуб во зимскиот преоден рок досега. Челси во 2023 година, потроши рекордни 330 милиони евра (275 милиони фунти) на нови играчи.

реклама

Ѕвезди кои го користат OnlyFans за дополнителен приход: Многу актерки и пејачки ги изненадија обожавателите

Read more

Колку гориво трошите кога возите со 160 км/час во споредба со 100 км/час?

Read more

Италијанска водителка е ѕвезда на Клупскиот мундијал: Сакала да биде мис, станала новинарка

Read more

Последен трансфер во кариерата: Oд Дубаи во холандски затвор

Read more

Фудбал

Последен трансфер во кариерата: Oд Дубаи во холандски затвор

Read more

Алиоски потпиша договор со Лугано

Read more

Баерн ја победи Бока, прв пораз за јужноамериканските тимови на Клупскиот мундијал

Read more

Адеми го раскина договорот со Динамо, веќе има нов клуб

Read more
 

Спорт

Последен трансфер во кариерата: Oд Дубаи во холандски затвор

Читај повеќе

Алиоски потпиша договор со Лугано

Читај повеќе
  • play_arrow

Баерн ја победи Бока, прв пораз за јужноамериканските тимови на Клупскиот мундијал

Читај повеќе

Адеми го раскина договорот со Динамо, веќе има нов клуб

Читај повеќе

Нов шок на Клупскиот мундијал: Ботафого го победи ПСЖ

Читај повеќе

Владе Дивац итно опериран по сообраќајка

Читај повеќе
  • play_arrow

Лудница во НБА: Пејсерс се на чекор до чудо

Читај повеќе

Рафаел Надал ја доби титулата маркиз

Читај повеќе

Италијанска водителка е ѕвезда на Клупскиот мундијал: Сакала да биде мис, станала новинарка

Читај повеќе