Манчевски: Во јавниот сектор во 2019 бројот на вработени е зголемен за 0,6 проценти во однос на 2018 година

Бројот на вработени во јавниот сектор за 2019 година изнесувал 132.900, распределени во 1.324 институции. Од нив 20.169 вработени во МВР, во Армијата, во Агенцијата за разузнавање, во Агенцијата за национална безбедност и во Управата са финансиска полиција. Преку агенциите за привремени вработувања во институциите од јавниот сектор работно биле ангажирани 3.222 лица и не влегуваат и вкупната бројка на вработени јавниот сектор.

За ова денеска информираше министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, кој рече дека извештајот го објавува согласно законската обврска. Тој појасни дека податоците од безбедносните служби не можат да бидат детално обработени поради безбедносни причини.

– Бројот на вработени во органите на државната власт во 2019 година изнесувал 16.522 лица, наспроти вкупната бројка, како што рековме 132.900. Тоа значи дека со статус на јавна администрација се овие 16.522 лица. Ова е со други зборови централната власт. Анализата на бројот на вработени во вкупниот јавен сектор по дејност покажува дека најголем процент се во дејноста, образование, односно 32 процента, здравство 18 проценти и во Управата каде што се 15 проценти, истакна Манчевски.

Министерот информираше дека бројот на вработени во јавниот сектор во 2019 година за разлика од 2018 е зголемен за 832 лица, односно за 0,6 проценти каде се зголемува бројот на висококвалификуван кадар.

– Поточно во однос на 2018 година зголемен е бројот на вработени со високо образование за 932 лица, за 229 магистри и за 23 доктори на науки. Најголемиот број на новите вработувања во 2019 година биле во дејноста здравство. На ниво на сите органи во состав на министерствата како основа на јавната администрација споредено со 2018 година вкупниот број на вработени е намален за 72 лица. Ова значи дека новите вработувања се прават согласно потребите на институциите по сектори каде што е најпотребно и се вработуваат лица кои се со високо образование и во служба на сите граѓани, истакна Манчевски.

Министерот информираше дека во акционерските друштва во целосна државна сопственост вкупно се вработени 8.800 лица, од кои 8.545 на неопределено време, 83 на определено и 182 преку агенциите за привремени вработувања, кој број е намален во однос на 2018 година. Овој број на вработени, појасни Манчевски, не влегува во анализите од јавниот сектор. 

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Македонија

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Read more

Муцунски: Вчера се случи почетокот на крајот на власта на СДС и ДУИ

Read more

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Read more

Пендаровски победи во 3 општини, а Таварари и Димитриевски само кадешто се градоначалници

Read more
 

Вести

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе

Муцунски: Вчера се случи почетокот на крајот на власта на СДС и ДУИ

Читај повеќе
  • play_arrow

Москва: Американското нуклеарно оружје во Полска ќе биде примарна цел

Читај повеќе

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Читај повеќе

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Читај повеќе

Русија стави вето на Советот за безбедност на ОН против забраната за оружје во вселената

Читај повеќе