Манчини: Во Серија А има малку Италијанци, ќе продолжам да земам наши од Аргентина

Филип Здравески
/ 27.03.2023 / 14:18

Селекторот на Италија, Роберто Манчини, најави дека е разочаран од бројот на италијански фудбалери во Калчото и поради тоа квалитетот на репрезентацијата ќе го пополнува со италијанската дијаспора.

Матео Ретеги, играч за кој во Европа ретко кој имаше слушнато, дебитираше за Италија во квалификациите за ЕУРО 2024 против Англија во четвртокот, на истиот натпреав го постигна и својот деби гол за „Аѕурите“, а синоќа против Малта повторно погоди. Значи, веќе има 2 од 2.

И тука немаше да има ништо чудно доколку Ретеги беше Италијанец. Роден и израснат во Аргентина, според италијанските закони тој се квалификува за Италијанец, затоа што неговите баба и дедо од мајчина страна се италијански имигранти во Аргентина. Неговиот татко, пак, е Баскиец, исто така син на имигранти.

И додека во Италија мислењето за Ретеги е поделено, бидејќи едната страна го критикува затоа што не знае ни збор италијански и изјавите ги дава на аргентински шпански (пиоплатенсе дијалект, познат и како кастежански), други го поддржуваат дека ги мрдал усните при интонирањето на „Фратели д'Италиа“.

„Се обиде (да ја пее химната, заб. на прев.), тоа е добро. Доколку би играл во Серија А ќе стане посилен, ќе му помогне да го научи јазикот и со тоа подобро да комуницира со соиграчите на теренот“, велеи селекторот.

Не е прв пат Италија да зема од својата дијаспора во Аргентина, но е редок случај да земе релативно непознат играч, кој сѐ уште не ни заиграл во Европа.

„Ретеги знае како да ја стави топката в мрежа и тоа не е неважно. Тоа е она што го забележавме кога го скаутиравме. Сѐ уште му треба време, мора да се навикне на европскиот фудбал, но знае како да даде гол и тоа е важен квалитет“, додава Манчини.

Најави дека нема да застане со Ретеги, а за таквиот негов избор ги обвини клубовите од Серија А кои наместо да создаваат квалитетни Италијанци, тие носат куп странци.

Во Италија, Шпанија и Португалија, играчите што имаат потекло од нивните земји, а се родени и израснати во други земји, особено јужноамериканските, ги нарекуваат Ориунди (Oriundi). Потекнува од латинскиот глагол oriri (се раѓа) и етимолошки е поврзан со Ориентот.

„Да, тоа е опција. Имаме минимален процент на Италијанци што редовно играат во Серија А. Ако ги погледнете другите земји, и тие го прават истото. Швајцарија има 15 од 20 играчи кои се Ориунди. Исто и Белгија, Франција, Германија и Англија, сите се вртат кон Ориунди“.

„До пред неколку години имавме многу добри играчи и немавме потреба да го правиме ова. Другите го правеа, често земаа играчи кои ние ги растевме и развивавме, па сега ние ќе се адаптираме правејќи го истото“, заврши Манчини.

Италија веќе имаше Ориунди во составот, како Жожињо и Емерсон Палмиери, двајцата Бразилци со италијанско потекло. Но, за разлика од Ретеги, тие прво играа во Серија А па потоа станаа репрезентативци.

реклама

Фудбал

Го нема Лева - нема голови: Никој не постигна ни 20 гола во Бундеслигата

Read more

7 најлоши фудбалски позајмици на сите времиња

Read more

Голманот на ПСЖ приклучен на апарати откако падна од коњ

Read more

Додека ПСЖ славеше титула, Нејмар играше покер  - пријавил дека е повреден

Read more
 

Спорт

Го нема Лева - нема голови: Никој не постигна ни 20 гола во Бундеслигата

Читај повеќе
  • play_arrow

7 најлоши фудбалски позајмици на сите времиња

Читај повеќе

Голманот на ПСЖ приклучен на апарати откако падна од коњ

Читај повеќе

Додека ПСЖ славеше титула, Нејмар играше покер  - пријавил дека е повреден

Читај повеќе
  • play_arrow

Жиру за победа на Милан во Торино и пласман во ЛШ

Читај повеќе

Пред Роналдо беше лидер: Ал Наср остана без титула

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто луѓето го мразат Новак Ѓоковиќ?

Читај повеќе

Џака преку социјалните мрежи се збогуваше со фановите на Арсенал

Читај повеќе
  • play_arrow

Мбапе ѝ го раскрвари носот на девојка на трибините

Читај повеќе