Фудбал

Манекенка обвини англиски репрезентативец за силување

19. август 2018 - 13:24 | МИА

Мејфер, 19 август 2018 (МИА) - Фудбалер од Премиер лигата и играч од пониските нивоа на англискиот фудбал ќе бидат испрашувани од полицијата откако кон нив е упатено обвинение дека дрогирале и силувале француска манекенка, пренесе „Дејли Стар“.

Едниот од осомничените наводно играл за Англија на Светското првенство во Русија. Имињата на двата играчи и моделот не се откриваат бидејќи истрагата е во тек.

Жената се сретнала со двајцата фудбалери и еден пријател, и биле на вечера пред да заминат во ноќен клуб во областа Мејфер. Манекенката танцувала со познатиот фудбалер, а потоа го бакнала. Таа тврди дека испила само две чаши шампањ и вотка, но почнала да се чувствува лошо и повратила, па вечерта за неа морала да заврши.

 Кога се враќале кон нејзиниот стан во Вестминстер, таа продолжила да се чувствува лошо и буквално паднала во креветот. Според сведочењето пред полицијата, таа се разбудила додека фудбалерот имал секс со неа, откако тој ја соблекол додека била онесвестена.

Иако се обидела, таа не успеала да избега од ѕвездата и повторно се онесвестила. Кога се разбудила повторно, на креветот покрај неа бил пријателот на играчот од Премиер лигата. Таа му кажуала што се случило и побарала помош, но наместо тоа фудбалерот од пониските нивоа на англискиот фудбал ја силувал. Овој пат, сепак, девојката успеала да се извлече, но потоа пак паднала во несвест. Кога се разбудила, мажите ги немало.

Таа се обидела да го пријави случајот во лондонската полиција, но локалната станица била затворена, па поднела пријава во Париз откако се вратила во главниот град на Франција.

Коментирај