Победниците на Евросонг, италијанската група Måneskin објави нова песна наречена „Mammamia“, која според прегледите на YouTube, ќе биде голем хит.

Новата песна на Måneskin за неколку дена има скоро 2 милиона прегледи, а истата е снимена во живо.
Ова е нивната прва песна по победата на Евросонг, членовите на бендот веќе ја пееја во живо во Берлин.
Популарноста на Måneskin и понатаму расте. По хитовите „I Wanna Be Your Slave“ и „Beggin“, кои со мсеци беа на музичките листи за топ 10 синглови низ светот, групата сега подготви нешто ново за публиката.