
Најновата креација на Mansory е далеку од автомобил со високи перформанси, но сепак е многу атрактивен.
Голфот е игра која се поврзува со луксуз и стил, а во склад со ова е и голф возилото Garia модифицирано од Mansory кој го подигна на ново ниво.

Mansory е познат по своите „диви“ проекти, вклучувајќи ги и модифицираните Range Rover и AMG G63 Coupe со „suicide врати“, па тјунерот не се воздржуваше ниту кога се работеше за голф возилото голф Garia. Користени се ковани карбонски влакна, што го прави возилото поцврсто и полесно од стандардното. Mansory подготви и црни тркала за да одговараат на темната тема на надворешниот дизајн.

Карбонските делови, вклучувајќи ја предната решетка и калниците, се украсени со тиркизни линии за да се нагласи новиот изглед, а тиркизната тема продолжува во отворената кабина, особено на кожните седишта.

Купувачите можат да изберат различни материјали и кожа, но нема информации за можни подобрувања на електричниот погон, па затоа не треба да сметате на тоа.

Возилото може да се користи на европските и американските патишта како LSV, односно возило со мала брзина.

Цената не е објавена, но претходниот луксузен модел Garia SuperSport, кој се појави во 2018 година, чинеше 73.000 долари.


