Mansory Pugnator е Ferrari Purosangue на стероиди

Иако чекањето беше подолго од очекуваното, Mansory сепак ја претстави својата верзија на моделот Purosangue на Ferrari.

Како и обично, идеите на Mansory нема да им се допаднат на сите, но искуството од минатото покажува дека германската компанија знае што прави. Новиот проект наречен Mansory Pugnator е дизајниран според вкусот на богатата клиентела и претставува целосна конверзија на супер кросоверот вклучувајќи агресивни визуелни модификации, нови бандажи и скромно зголемување на моќноста. Со овие промени, Mansory сака да ги задоволи клиентите кои сметаат дека Purosangue во неговата фабричка форма „не е доволно светкав и гласен“.

Pugnator е име изведено од латинскиот збор за борач. Доби бодикит од карбонски влакна во боја на каросеријата, која е Vermillion црвена боја. Сите значки на Ferrari се отстранети и заменети со Mansory, што не е изненадувачки бидејќи суптилноста не е белег на овој тјунер.

Големите додатоци и вшмукувачи на предниот браник значително ја зголемуваат надолната сила на предната оска, а каросеријата е „полна“ со перки, набори и доводи за воздух, што на Pugnator му го дава препознатливиот изглед „Mansory на стероиди“. Ви се допаѓал или не, дефинитивно ќе го забележите.

Хаубата е направена од јаглеродни влакна, како и продолжетоци на лакот на тркалата, отвори на браниците, масивни странични решетки и лажни доводи на задните врати. Назад има масивен дифузор во кој се интегрирани 4 цевки од издувниот систем. Задната маска е исто така направена од карбон, а се истакнува масивното задно крило.

Pugnator „се тркала“ на нови FC.5 едноделни ковани бандажи со димензии 22 инча напред и 23 инчи назад. Mansory планира да ги понуди овие бандажи во различни бои и големини и за нивните други креации. Доаѓаат со гуми со високи перформанси. Нема информации за евентуални модификации на суспензијата.

6,5-литарскиот V12 мотор на Ferrari развива 725 КС и 715 Nm вртежен момент, но со премапирање на ECU единицата, инсталирање на нов издувен систем со контрола на вратичката и спортски катализатори, Mansory ја зголеми моќноста на 755 КС и 730 Nm. Тоа е мало зголемување, но сепак доволно за возачот да се чувствува поспецијално.

Внатрешноста е обложена со кожа од слонова коска, а контрастот го прават црвените детали и карбонските влошки. Седиштата, потпирачите за раце и панелите на вратите имаат нова перфорирана шема. Тјунерот постави алуминиумски педали, прошиени патосници и свои ознаки, а нуди и бројни други опции за прилагодување.

Цената на моделот Mansory Pugnator не е јавно објавена.

Тагови
реклама

Авто новости

Tesla објави катастрофални финансиски резултати

Read more

Hyundai ќе ја намали потрошувачката на гориво со хибриден систем од следната генерација

Read more

Tesla повторно го одложи доаѓањето на евтиниот модел

Read more

Renault Emblème е составен од 50% рециклирани материјали

Read more
 

Автомобили

  • play_arrow

Tesla објави катастрофални финансиски резултати

Читај повеќе

Hyundai ќе ја намали потрошувачката на гориво со хибриден систем од следната генерација

Читај повеќе

Tesla повторно го одложи доаѓањето на евтиниот модел

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Renault Emblème е составен од 50% рециклирани материјали

Читај повеќе

VW го зголемува производството на бензински и дизел мотори

Читај повеќе

Кога се фантомски дефекти, а кога навистина автомобилот има проблем?

Читај повеќе

Секое четврто продадено Porsche е „на струја“

Читај повеќе
  • filter

По која цена се продава Lada Niva Sport во Русија?

Читај повеќе
  • filter

Избран најдобриот светски автомобил за 2025 година

Читај повеќе