МАНУ со предлог до Владата за нејзиното ново име

Скопје, 21 март 2019 (МИА) – Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) предлага нејзиното ново име да гласи – Академија на науките и уметностите на Република Северна Македонија – МАНУ.

Предлогот е усвоен на денешната консултативна седница на која биле разгледани предлозите на Владата: Академија на науките и уметностите на Република Северна Македонија – МАНУ и Национална академија на науките и уметностите на Република Северна Македонија – МАНУ.

„По обемна и конструктивна дискусија се заклучи да се упати мислење до Владата на Република Северна Македонија според кое мнозинството членови на Академијата го претпочитуваат името Академија на науките и уметностите на Република Северна Македонија – МАНУ. Академијата исто така истакнува дека таа не донесува одлука за преименување на Академијата, односно дека одлуката ќе ја донесе Владата на Република Северна Македонија, почитувајќи го утврдениот предлог на мнозинството членови на Академијата“, се наведува во соопштението.

Според академиците, задржувањето на референцата на државата, односно на кратенката МАНУ, како составен дел на новото име, има суштинско значење, бидејќи од една страна е поврзано со нашите идентитетски прашања, а од друга страна со ова решение отпаѓа потребата од промена на веб-адресата на Академијата – manu.edu.mk.

Од Академијата посочуваат дека уште пред шест месеци кога се одржала научна расправа во МАНУ за Спогодбата од Преспа и кога станало јасно дека ќе мора да го промени името, раководството на Академијата инсистирало при донесувањето на одлуката да се води сметка за тоа дека Академијата е препознатлива по придавската референца „МАНУ“ и оти на веб страницата стои придавката manu, односно masa на англиски јазик. Исто така, се посочува дека Академијата е највисока институција од сферата на науките и уметностите, дека нејзината основна дејност се остварува во автономните сфери на општеството во која државата, според Уставот, има ограничени компетенции и дека станува збор за институција со поширок меѓународен углед.

„Ваквата аргументација беше во целост прифатена од Владата на Република Северна Македонија, а наиде на разбирање и кај грчката страна“, наведуваат од Академијата.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Македонија

Приватните спцецијализнати протестираа со куфери: Над 70% од студентите по медицина активно учат германски

Read more

Ковачки: Кога ВМРО-ДПМНЕ нешто ќе вети, ќе стави на хартија, ВМРО-ДПМНЕ тоа го реализира

Read more

Левица Денот на планетата Земја го одбележа чистејќи го Водно

Read more

Лични документи може да се подигнат и в среда

Read more
 

Вести

Приватните спцецијализнати протестираа со куфери: Над 70% од студентите по медицина активно учат германски

Читај повеќе

Иран: Нема да одговориме на израелскиот напад

Читај повеќе

Ковачки: Кога ВМРО-ДПМНЕ нешто ќе вети, ќе стави на хартија, ВМРО-ДПМНЕ тоа го реализира

Читај повеќе

Марко Бањоли во Чифте амам

Читај повеќе

Левица Денот на планетата Земја го одбележа чистејќи го Водно

Читај повеќе

Лични документи може да се подигнат и в среда

Читај повеќе

Португалија откри наоѓалиште на нафта во близина на Намибија

Читај повеќе

Вечерва ќе сопрат кампањите за избор на претседател, молкот почнува на полноќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Премиерот на Папуа Нова Гвинеја: Бајден ја навреди мојата земја со изјавата за канибали

Читај повеќе