МАНУ усвои Повелба за македонскиот јазик

Скопје, 3 декември 2019 (МИА) – Собранието на МАНУ на денешната седница усвои Повелба за македонскиот јазик во која ги изнесува научно признатите факти за македонскиот јазик, како и улогата на Академијата во проучувањето и афирмацијата на македонскиот јазик во домашни и во меѓународни рамки.

Повелбата, како што соопшти МАНУ, ги зацврстува ставовите на Академијата за потребата од засилена и континуирана поддршка на научните истражувања на македонскиот јазик и македонските дијалекти, водејќи се од строго научни начела.

– На тој начин, МАНУ ја истакнува својата определба дека најдобра заштита на македонскиот јазик е создавање услови за остварување на неговата улога на значаен фактор на општествената и културната интеграција во државата. Тоа е единствено можно преку систематско и координирано научно проучување и обработка на македонскиот јазик на сите нивоа, како во домашни, така и во меѓународни рамки, се вели во соопштението.

Повелбата за македонскиот јазик, се додава во соопштението, ја истакнува законската и статутарната обврска на МАНУ да ја остварува координативната и обединувачка улога во однос на приоритетните и фундаменталните научни истражувања на македонскиот јазик со другите научноистражувачки и високообразовни установи.

Целосната повелба можете да ја преземете тука.

реклама

Бон Џови и покрај богатството пет дена неделно мие садови во ресторан

Read more

Русите објавија снимка од протерувањето на британскиот разурнувач

Read more

Најчестите грешки на возачите за време на летниот одмор

Read more

Џон Мекафи, творецот на антивирусната програма, пронајден мртов во затвор

Read more

Македонија

Викендов ќе пристигнат 500.000 вакцини на Sinovac, утре уште 100.000 на Pfizer

Read more

Џафери ќе ги распише локалните избори на на крајот на јули или почетокот на август

Read more

Утре без струја делови од Аеродром, Кисела Вода и Илинден

Read more

Мал број заразени со коронавирус, учениците да се вратат во училиштата

Read more
 

Вести

Приведени четири лица од Стајковци, нападнале вработен на бензинска станица

Читај повеќе

Викендов ќе пристигнат 500.000 вакцини на Sinovac, утре уште 100.000 на Pfizer

Читај повеќе

Џафери ќе ги распише локалните избори на на крајот на јули или почетокот на август

Читај повеќе

Во Москва отпуштаат од работа лица кои не сакаат да се вакцинираат

Читај повеќе

Северна Кореја не сака никаков контакт со САД

Читај повеќе

Утре без струја делови од Аеродром, Кисела Вода и Илинден

Читај повеќе
  • play_arrow

Русите објавија снимка од протерувањето на британскиот разурнувач

Читај повеќе

Мал број заразени со коронавирус, учениците да се вратат во училиштата

Читај повеќе

Земјава во портокалова фаза, да се почитуваат мерките за заштита

Читај повеќе