Мапирани и снимени 42 диви депонии во Долнореканскиот крај

Скопје, 5 декември 2019 (МИА) – Здружението за екологија и унапредување на културата и спортот „Тритон“ од Ростуше, во соработка со НВО Инфоцентар денеска ги мапираше дивите депонии во Долнореканскиот крај, во Националниот парк Маврово и со дрон сними дури 42 депонии.

Идејата на целата акција, како што соопштува Инфоцентарот, е да се поттикнат властите на локално и национално ниво, надлежните институции и граѓаните, да најдат ефикасно системско решение за чистење на дивите депонии, а потоа напорите да се насочат кон превенција од создавање други диви депонии.

Депониите се лоцирани и снимени со помош на локалното население од селата Ростуше, Велебрдо, Битуше, Требиште, Видуше, Жировница, Врбјане, Јанче, Аџиевци, Присојница и Скудриње.

Инфоцентарот нагласува дека очекуваат поддршка од граѓаните во чистењето на дивите депонии, но и да ги сменат старите навики и да прифатат нови решенија со кои ќе се заштитат природните убавини на националниот парк.

Снимениот видео материјал им беше презентиран на претставници од Општина Маврово и Ростуше, месните заедници, Националниот парк и од Јавното комунално претпријатие „Маврово“.

- За да се поттикне менувањето на навиките за фрлање отпад кај локалното население и за подигнување на свеста за потребата од заштита на животната средина, во рамки на акцијата беа донирани и 40 канти за отпадоци кои ќе бидат поставени во 10 населени места во Долнореканскиот крај, информира организацијата Инфоцентар.

Акцијата за мапирање на дивите депонии е реализирана во рамки на проектот „Активни граѓани за партиципативна локална демократија“, кој го спроведува НВО Инфоцентарот со финансиска поддршка од Меѓународниот центар Улоф Палме.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Македонија

3,85 отсто е одзивот во првите 2,5 часа, 12 приговори пристигнале во ДИК

Read more

Во првите 2,5 часа од гласањето пријавени се само технички проблеми

Read more

Променливо облачно време со температури до 24°C

Read more

ЈСП ќе вози по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи

Read more
 

Вести

  • play_arrow
  • filter

Атина обвиена во сахарска прашина - личи на колонија на Марс

Читај повеќе

3,85 отсто е одзивот во првите 2,5 часа, 12 приговори пристигнале во ДИК

Читај повеќе

Во првите 2,5 часа од гласањето пријавени се само технички проблеми

Читај повеќе

Моќната сестра на Ким Џонг Ун: Ќе изградиме супериорна воена сила

Читај повеќе
  • play_arrow

Наркобос сакал да ја убие холандската принцеза, побегна поради грешка на шпанскиот суд

Читај повеќе

Мелони ќе дозволи „поддржувачите на мајчинството“ да ги одвраќаат жените од абортус во клиниките

Читај повеќе

Шпанија формира фонд за 440.000 жртви кои биле сексуално злоупотребувани од свештеници

Читај повеќе

Раст на Волстрит втор ден по ред

Читај повеќе

Променливо облачно време со температури до 24°C

Читај повеќе