Живот

Марадона и „мистериозното пакетче“ – контроверзна снимка ги разочара обожавателите

18. февруари 2020 - 19:53 | А.С.

Легендарниот Аргентинез Диего Марадона повторно е во центарот на медиумското внимание откако камерите на теренот го фатија како прима „мистериозно пакетче“ среде натпреварот со Росарио Сентрал.

Но, она што ги вознемири обожавателите на Марадона, кој со години се бори со зависност од дрога, е начинот на кој целиот тим околу него прави диверзија за може тој да го земе спорното пакетче за кое многумина веруваат дека содржи дрога.

„Актерите“ во оваа сцена неприродно станаа и го попречија видикот на камерата, додека во позадина се гледа дека нешто се случува. Потоа сите се враќаат на своите места, а Марадона спокојно продолжува да го следи натпреварот.

Обожавателите разочарани не штедеа коментари на социјалните мрежи. Покрај оние кои се шегуваа, имаше и такви кои рекоа дека ова е навистина тажна епизода во кариерата на некогаш големиот фудбалер.

Коментирај