Фудбал

Марадона издржа само 73 дена на клупата на Химнасија

20. ноември 2019 - 14:34 | А.С.

Легендата на аргентинскиот фудбал Диего Марадона дојде на менаџерската позиција на Химнасија Ла Плата на 9 септември годинава, но не се прослави во улогата.

Од осум одиграни натпревари, Химнасија под негово водство забележа само три победи и се наоѓа на 22. место на табелата на аргентинското првенство.

Токму затоа, Марадона поднесе оставка по само 73 дена поминати на клупата.

Ова беше прва менаџерска позиција на 59-годишниот Аргентинец во неговата татковина од 2010 година. Во текот на кариерата, Марадона најдолго се задржа на клупата на Аргентина каде беше од октомври, 2008 до јули, 2010 година.

Во неговата менаџерска кариера, славниот Марадона ги водел:

Текстил Мандижу (октомври, 1994 - декември, 1994)

Расинг (јануари, 1995 - март, 1995)

Аргентина (октомври, 2008 - јули, 2010)

Ал-Васл (мај, 2011 - јули, 2012)

Ал-Фужаира (мај, 2017 - април, 2018)

Дорадос (септември, 2018 - јуни, 2019)

Химнасија (септември, 2019 - ноември, 2019)

Коментирај