Легендарниот Диего Армандо Марадона во свој стил ја прокоментира изјавата на Кристијано Роналдо, дека тој е најдобриот фудбалер на сите времиња.
Португалецот ова го изјави откако по петти пат беше избран за најдобар фудбалер на светот, што директно го погоди егото на Аргентинецот Марадона, кој веднаш покрај Бразилецот Пеле се смета за еден од најдобрите во историјата на овој спорт.
„Кажете му да прекине да зборува глупости“, кратко ја коментираше Марадона изјавата на напаѓачот на Реал Мадрид.
Меѓутоа, тој не го исфрли Роналдо од фудбалерите кои влегуваат во групата на најголеми. За разлика од Пеле кој не го спомена.
„За мене, во однос на она што сум го видел, туку се Алфредо ди Стефано, Јохан Кројф и Меси. И Кристијано би можел да биде во оваа категорија“, додаде Аргентинецот.
Роналдо веќе со години доминира на светската фудбалска сцена, а минатата година после бројните клупски трофеи стана и првак на Европа со Португалија.
„Тој е неверојатен, ми се допаѓа неговата дефиниција. Друга работа која ми се допаѓа кај него е тоа што секогаш е тука кога му е потребен на тимот. После Кројф немаше уште многу играчи со тој квалитет“, истакна славниот Марадона.