Љубов и секс

Маратонскиот секс не гарантира оргазам

11. септември 2019 - 16:41 | А.С.

Истражувањата покажале дека на жените во хетеросексуални врски им треба повеќе време да постигнат оргазам во споредба со мажите. Сепак маратонскиот секс не е гаранција за оргазам, ни за мажите, ни за жените.

Сепак, ако мажот не постигне оргазам, партнерката најчесто тоа го сфаќа лично и мисли дека таа е „лоша во кревет“.

Искрената комуникација е многу важна во секој сегмент од врската, па така и во сексот. Затоа, бидете искрени со партнерката и кажете ѝ на што се должи вашата неможност да постигнете оргазам во таа ситуација.

Речиси секој маж се има најдено во ситуација да не може да ејакулира за време на секс или да му треба повеќе време. Најчести причини зошто мажот не може да доживее климакс се користењето антидепресиви, повреда на грбот, како и т.н. психолошки бариери како страв партнерката да не забремени или обратно, под притисок, кога има секс со намера партнерката да забремени (најчесто кај двојки кои имаат проблем со зачнување).

Отворениот разговор за сексот може само да го подобри вашиот сексуален живот бидејќи секој ќе каже што му се допаѓа, што го возбудува и како најлесно стигнува до климакс.

Долгиот, маратонски секс не е гаранција за оргазам кај жената. Дали сексот ќе трае 30, 60 или 90 минути не е важно ако жената не е стимулирана на вистинскиот начин.

Околу 16% од жените воопшто не можат да доживеат оргазам само со вагинален секс, па потребна им е и дополнителна стимулација на клиторисот.

Отворено разговарајте за тоа што ви се допаѓа и разгледајте ја опцијата да користите секс играчки и помагала, како вибратор, за поголемо сексуално уживање.

Коментирај