Marca излезе со тврдење за иднината на Модриќ во Реал

Капитенот на хрватската репрезентација, Лука Модриќ, изминативе неколку дена често се поврзува со трансфер во Саудиска Арабија, а сега реномираната Marca тврди дека знае што ќе се случи со него и Реал Мадрид.

Имено, Marca во своето денешно издание наведува дека желбата на Модриќ е јасна, а тоа е да ја заврши кариерата исклучиво на „Сантјаго Бернабеу“.

„Најспецифичен е случајот на Лука Модриќ. Хрватот сите го обожуваат во Реал, каде се врати по сјајните игри на Светското првенство. Ал Наср му даде понуда што не се одбива, но Модриќ јасно одговори дека наредната сезона сака да игра само за Реал. Решението на оваа ситуација зависи од разговорот помеѓу Лука Модриќ и Флорентино Перес, кој се очекува. Статусот на Модриќ не го наруши тоа што во последно време е резерва или оној што рано го вадат од игра“, пишува најчитаниот шпански дневен весник.

Marca се осврна и на гласините дека кралскиот клуб нема да му го продолжи договорот на 37-годишниот Модриќ.

„Анчелоти изјави дека Модриќ си го пронајде ритамот, но факт е дека Модриќ и тоа како ги чувствува последиците од настапот на Светското првенство. Меѓутоа, неспорно е и дека наскоро ќе се врати на своето вообичаено ниво, она со кое на почетокот од сезоната ги поништи сите сомнежи во него. Гласините дека Реал одлучил да не го продолжи договорот со него или дека сепак договорил трансфер во Ал Наср се тотално непоткрепени“, додава Marca.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Фудбал

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Read more

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Read more

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Read more

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Read more
 

Спорт

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе

Испаѓањето на Сити донесе нов фаворит за освојување на ЛШ

Читај повеќе

Пеп: Во кој било друг спорт ќе победевме

Читај повеќе

Судиите во Украина пред натпревар ќе одат на полиграф

Читај повеќе