Marca: Немаме веќе зборови како да ја опишеме генијалноста на Модриќ

Лука Модриќ билираше во победата на шампионот Реал над последнопласираниот Леванте (6:0), со што шампионот на две кола пред крајот го испрати гостинот во втората лига. Хрватската легенда на Реал влезе во историјата постигнувајќи три гола во првото полувреме.

Дури и оние кои се расфрлаат со епитети за играта на Модриќ останаа без зборови

Marca, најчитаниот шпански весник, новото во низата спектакуларни изданија на Модриќ го објави со низа епитети и едно признание:

„Немаме веќе зборови да ја опишеме генијалноста на Модриќ. Можеби најдобро е вака да сумираме:

Само тој може да го направи тоа што му го направи на Леванте. Како само го намести голот на Менди... Ги услужи сите соиграчи и од себе извлекуваше сè што можеше на задоволство на гледачите. Потоа му асистираше на Родриго, па на Вини... Накратко, го направи она што сакаше“.

Дарежливиот хрватски маестро

Насловот на Marca за коментарот за натпреварот беше: „Модриќ диригираше со концертот во Мадрид“ и напиша: „Хрватот дарежливо делеше асистенции на сите страни и со тоа му овозможи на големиот шампион да го победи Леванте кој беше за греота. Исчезна без да пружи отпор. Меѓутоа, огромната разлика меѓу првиот и последниот на табелата не смее да го одвлекува вниманието од фактот дека Модриќ уште еднаш покажа дека за него нема тајни во фудбалот.

Откако неговото додавање од надворешна страна стана вирално, тој продолжи да ги едуцира соиграчите и ривалите и против Леванте. Навистина, противниците не играа пресинг, но дел од заслугата за тоа има и Хрватот. Поточно, неговата способност секогаш да го најде најдобриот пас за најдобро поставениот соиграч. Овојпат тој го отвори репертоарот со топка која отиде кај Менди и му побегна на противникот.“

Вини го доби првиот хет-трик. Треба да му се заблагодариме на Модриќ за тоа.

„Продолжи со перфектно услужување, подарокот за Родриго а потоа го затвори првиот чин со брзо додавање за голот на Вини. Три додавања за три гола. Фестивал на хрватскиот маестро за само 45 минути.“

Marca нагласува дека ова не беше крај на магијата на Модриќ, иако во вториот дел не постигна ниту еден од двата преостанати гола:

„Вини дојде до првиот хет-трик во Реал. За тоа најпрво треба да му се заблагодариме на Модриќ, кој го ангажираше Бензема со уште една олд-скул мајсторија, а тој несебично додаде кон стрелецот.“

Тагови
реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Фудбал

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Read more

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Read more

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Read more

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Read more
 

Спорт

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе

Испаѓањето на Сити донесе нов фаворит за освојување на ЛШ

Читај повеќе

Пеп: Во кој било друг спорт ќе победевме

Читај повеќе

Судиите во Украина пред натпревар ќе одат на полиграф

Читај повеќе