Марчело Липи: Во кариерата направив три огромни грешки

Легендарниот италијански тренер Марчело Липи објави дека по крајот на Азиското првенство, кое ќе се одигра во јануари и февруари, веќе нема да биде селектор на кинеската репрезентација. Со плата од 23 милиони евра тој е најплатениот селектор во светот, но одлучи да се врати во Италија за да поминува повеќе време со семејството.

Тој имаше интервју за италијанскиот весник Gazzetta dello Sport во кое зборуваше за актуелната состојба на фудбалот, но и за неговата кариера.

Липи на почетокот од интервјуто наведе една грешка која ја направил во кариерата, за потоа низ разговор да се потсети на уште две грешки за кои се кае. Неговата најголема грешка, според него, се случила веднаш по неговиот најголем успех – освојување на Светското првенство во 2006 година.

„Ја освоив секоја титула за која сонував. Меѓутоа, еднаш направив огромна грешка. Не требаше да си отидам од репрезентацијата. Подоцна погрешив уште еднаш затоа што се вратив во репрезентацијата. Зошто се вратив? Ми беше криво што си отидов веднаш по освојување на Светското првенство“, рече Липи кој со Италија стана светски шампион во 2006 година.

Италијанскиот ветеран призна дека предолго се задржал на кормилото на репрезентацијата и дека тоа му била третата голема грешка во кариерата. Липи ја предводеше Италија на Светското првенство во 2010 година, каде не се прослави.

„Третата грешка ја направив во Јужна Африка. Подоцна сфатив дека некои играчи во репрезентацијата дадоа сѐ што имаа и веќе беа изморени. Немав среќа и останав без Буфон и Пирло, а потоа се повреди и Де Роси“, се потсети 70-годишниот Италијанец.

реклама

Фудбал

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Read more

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Read more

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Read more

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе