Полскиот судија Шимон Марчињак (41) кој го судеше финалниот натпревар на Светското првенство помеѓу Аргентина и Франција, одговори на критиките на „триколорите“ кои отворено кажаа дека ја оштетил нивната репрезентација.

Ова особено се однесува на вториот гол на Меси, за кој Французите тврдат дека требало да биде поништен, бидејќи при акцијата на теренот втрчале две аргентински резерви.
L'Equipe дури го оцени со двојка, а Марчињак не остана имун на прозивања и по враќањето во татковината одржа прес-конференција на која го извади мобилниот телефон и покажа неколку интересни фотографии.
„Французите не ја спомнуваат оваа фотографија“, изјави полскиот судија, објаснувајќи дека за време на пенал-рулетот од кој Мбапе го постигна израмнувачкиот гол, на теренот се најдоа дури седум француски играчи од клупата.
Да потсетиме дека Аргентина стана светски првак во споменатото финале откако победи на пенали. Во регуларниот тек на средбата беше 2:2, а по продолженијата 3:3.