Марго Роби и Џејкоб Елорди ќе глумат во „Оркански висови“

Марго Роби и Џејкоб Елорди ќе глумат во претстојната адаптација на Wuthering Heights („Оркански висови“), во режија на оскаровецот Емералд Фенел, потврди Deadline.

Претстојната адаптација е во продукција на MRC и LuckyChap Entertainment, основана од Роби. Ова е трета соработка на Фенел со LuckyChap, која ги продуцираше нејзините филмови Promising Young Woman и Saltburn.

Роби ќе ја игра Кетрин Ерншо во филмот, додека Елорди ќе го игра Хитклиф. Фенел ќе го режира, пишува и продуцира филмот, кој моментално е во претпродукција. Снимањето ќе започне следната година.

„Оркански висови“ е единствениот роман на писателката Емили Бронте и едно од најзначајните книжевни дела на сите времиња. Приказната ги следи ривалските семејства Ерншо и Линтон и нивната турбулентна врска со сиракот Хитклиф, кој бил посвоен од семејството Ерншо.

Викторијанскиот роман бил адаптиран неколку пати, а некои од најпознатите адаптации се филмот од 1939 година со Лоренс Оливие и Мерл Оберон во главните улоги, филмот од 1992 година со Реиф Фајнс и Жулиет Бинош, и адаптацијата од 2011 година со Каја Скоделарио и Џејмс Хаусон.

Remote video URL

Последната улога на Марго Роби беше во минатогодишниот летен блокбастер Barbie, кој заработи 1,4 милијарди долари ширум светот и доби осум номинации за Оскар. Следниот проект во кој ќе глуми е драмата A Big Bold Beautiful Journey, во која ја игра главната улога покрај Колин Фарел.

Елорди соработуваше со Фенел на минатогодишниот хит филм Saltburn. Негови најнови филмови се драмите Oh, Canada и On Swift Horses, а моментално работи на Frankenstein на Гилјермо дел Торо, во кој го игра чудовиштето на Франкенштајн.

Тагови
реклама

Силен земјотрес во Турција

Read more

3 години и 6 месеци затвор за Стевчо Јакимовски, градоначалникот на Карпош

Read more

Голем љубовен хороскоп за мај: Врските ќе бидат ставени на тест

Read more

Како изгледа планот на Трамп: Крим оди во Русија, Украина (можеби) во ЕУ

Read more

Филм & ТВ

Бен Афлек го спушти синот на земја: Јас сум богат, а ти немаш скршена пара

Read more

Џо Егзотик се венча во затвор со 28 години помлад маж

Read more

Џилијан Андерсон се враќа во The X-Files?

Read more

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Read more
 

Сцена

Бен Афлек го спушти синот на земја: Јас сум богат, а ти немаш скршена пара

Читај повеќе

Џо Егзотик се венча во затвор со 28 години помлад маж

Читај повеќе
  • play_arrow

Џилијан Андерсон се враќа во The X-Files?

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

Кристен Стјуарт се венчаше со партнерката Дилан Мејер на приватна церемонија во Лос Анџелес

Читај повеќе

Џеј Ло во тесен розов комбинезон на тренинг на Ф1: Позираше со тимот на Ферари

Читај повеќе
  • play_arrow

Политиката го засени филмот: Снежана страда поради Гал Гадот

Читај повеќе

„Јон Вардар против Галаксијата“ се прикажува на меѓународниот филмски фестивал во Москва

Читај повеќе

Илон Маск и Амбер Херд во правна битка за ембриони

Читај повеќе