Филм & ТВ

Марго Роби ќе биде Барби

9. јануари 2019 - 10:40 | А.С.

Австралиската актерка Марго Роби ќе ја отелотвори Барби, најпопуларната кукла на светот, во филм што ќе го продуцира нејзината продукциска куќа „LuckyChap Entertainment“.

„Куклата Барби ги поттикнува самодовербата, љубопитноста и комуникацијата. Чест ми е што ќе ја отелотворам Барби која има исклучително позитивно влијание на децата“, изјави Марго.

Таа додава дека не можела да замисли подобри партнери за соработка – компаниите Warner Bros и Mattel, производителот на славната кукла Барби.

„Марго Роби е идеална продуцентка и актерка која на сосема нов, а сепак релевантен начин, ќе ја оживее Барби на малите екрани“, изјави Тоби Емерих од филмската компанија Warner Bros.

Уште не се познати насловот и режисерот на филмот.

Снимањето на филмот за Барби требаше да почне уште во 2014 година, кога главната улога ѝ припадна на Ејми Шумер, но откако таа се откажа, улогата ја доби Ен Хатавеј. На крај пропадна и таа соработка и беше склопен договор со австралиската убавица Марго Роби.

Коментирај