Австралиската глумица и ѕвезда на новиот филм на Квентин Тарантино „Once Upon a Time in Hollywood“ неодамна ѝ откри на јавноста неколку досега непознати работи за себе.
Меѓу другото, убавата русокоса признава дека не сака да троши многу пари како и дека одбила да се фотографира за Playboy.
„Трошењето премногу пари ме прави анкциозна. Мислам дека е излишно да се фрлаат пари за работи кои всушност и не ми се потребни“, смета Марго.
За улогата во филмот „Once Upon a Time in Hollywood“ на Марго веќе ѝ се предвидува Оскар. Во филмот ја играше улогата на трагично загинатата актерка Шерон Тејт која беше во брак со режисерот Роман Полански, а самата призна дека Тарантино не ѝ ја понудил улогата тука таа самата го контактирала него.
„Му напишав писмо и му реков дека се восхитувам на неговата работа и дека еден ден би сакал да го видам на дело. По неколку недели ми се јави неговиот агент велејќи ми дека Тарантино сака да се сретне со мене. Седнавме и разговаравме за проектот. Сценариото беше готово тек по неколку месеци“, рече Роби.
Светска слава стекна благодарение на улогата на Наоми во „The Wolf of Wall Street“. Поради разголените сцени во филмот добила понуда да се фотографира за Playboy, но одбила.
„На моето семејство веќе му приредив доволно непријатности со сцените во кои се соблекувам“, објасни Марго.