Маричиќ: Целта на предлог-законот е пописот повеќе да не биде политичко прашање

Скопје, 28 октомври 2020 (МИА) – Целта на предлог законот за попис е тоа повеќе да не биде политичко прашање и да имаме модел што ќе се користи и сега и за следните години, вели министерот за правда Бојан Маричиќ.

Ако пописот не биде во април или на пролет идната година, посочи тој, нема логика кога понатаму, зошто имаме локални избори во октомври.

– Нашиот концепт е Државниот завод за статистика, како стручно тело, да го спроведе пописот со најсовремените технички и технолошки можности, што ќе чини 8 милиони, двојно помалку од предложениот во 2011 година и да има можности сите оние кои живеат во државата или се државјани, а не живеат во државата да бидат попишани, изјави Маричиќ, вечерва во емисија на ТВ 24.

Посочи дека претходно три месеци се преговарало со опозицијата, која, како што рече, барала враќање на принципите од последниот неуспешен попис, но дека сега, веќе е време да се донесе законот.

– Главна мерка за доверба предложена од опозицијата беше да се вратиме на Државна пописна комисија, која беше причина за неуспешниот попис во 2011 година и тоа е ставено во Извештајот на ЕУ. Затоа е ставен со европско знаменце, зошто имаше посебен извештај на ЕУ каде се изнесуваат забелешките кои треба да ги преточиме во закон за да имаме попис по европски стандарди, рече Маричиќ.

Сето ова, нагласи Маричиќ, се прави за да имаме успешен попис и конечно да излеземе од статистички мрак.

– Мислам дека треба да се даде шанса на институциите да си ја завршат работата. Да ги тргнеме политичките партии за да имаме успешен попсис, посочи Маричиќ.

Од друга страна, според Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ, не е важно како ќе се постави опозицијата, туку тоа дали власта ќе обезбеди организирање на попис во кој сите ќе веруваат.

– Прво не е важно прашањето дали ВМРО-ДПМНЕ ќе учествува или не, туку дали граѓаните ќе веруваат во тој попис. Практично последниот попис во кој сите веруваат го имате во Југославија и затоа власта мора да најде разбирање и внатре во коалицијата и со опозицијата. Законот, вака како што е поднесен, не дава гаранции за тоа. Второ, начинот на кој се предлага, не е попис на население, туку попис на државјани. Нема потреба да се прави попис на државјани, тоа може со еден клик МВР да го даде уште утре, изјави Димовски.

Во овој предлеог закон, нема никаде спомнато, користење на дата бази.

– Во пописот нема дефинирање на изразите кои се користат, како население, вообичаено место на живеење, официјално место на живеење, стан, домаќинство и оставено е секој да си толкува како сака. Не може директорот, кој го поставувате на Влада со врзан потпис од заменик-директор од ДУИ сами да утврдуваат методологија, треба таа да е малку по општо прифатлива, изјави Димовски.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Македонија

Инспекторатот ќе контролира дали рабодавачите ја почитуваат владината одлука за неработен ден

Read more

Предизборен молк пред утрешните претседателски избори, денеска гласаат дијаспората, болните и затворениците

Read more

Дожд и снег на повисоките места: ЦУК апелира на внимателност поради најавените метеоролошки промени

Read more

Врнежливо време со температури до 17°C

Read more
 

Вести

Инспекторатот ќе контролира дали рабодавачите ја почитуваат владината одлука за неработен ден

Читај повеќе

Украинците удрија на Путиновата флота - онеспособен најстариот морнарички брод во светот

Читај повеќе

Предизборен молк пред утрешните претседателски избори, денеска гласаат дијаспората, болните и затворениците

Читај повеќе

Украден сеф со пари од продажен објект во Карпош

Читај повеќе

Дожд и снег на повисоките места: ЦУК апелира на внимателност поради најавените метеоролошки промени

Читај повеќе

Цените на нафтата пораснаа, доларот благо зајакна

Читај повеќе

Врнежливо време со температури до 17°C

Читај повеќе

Приватните спцецијализнати протестираа со куфери: Над 70% од студентите по медицина активно учат германски

Читај повеќе

Иран: Нема да одговориме на израелскиот напад

Читај повеќе