Маричиќ: До последен ден на мандатот не се откажуваме, ќе ги убедуваме ВМРО-ДПМНЕ да не си ја блокираат државата

На декемврискиот самит не може да очекуваме дека ќе се случи нешто спротивно од она што е напишано во преговарачката рамка и од она што веќе ни е дадено како обврска, вели вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ. Тој очекува да имаме охрабрувачки пораки и покрај тоа што претседателот Стево Пендаровски јавно кажа дека на самитот нема да има позитивна одлука за нас оти нема уставни измени.

„Процесот на скринингот ќе заврши во првата недела од декември. Ние ги подготвуваме и ќе ги испратиме оние патокази кои ни се обврска од крајот на скринингот во првиот кластер и понатаму тука ќе застанеме доколку не се завршат уставните измени. Бидејќи во моментот нема изгледи тоа да се случи, треба да очекуваме застанување. Но ние не се откажуваме од тоа. Не се откажуваме до последниот ден на мандатот на овој собраниски состав да разговараме и да ги убедуваме колегите од ВМРО-ДПМНЕ да не ја блокираат сопствената држава, да не влезат во еден вртлог, во еден тунел во кој веќе еднаш не имаат внесено 2008 година и да соберат сила заедно да о направиме овој потег. Одговорноста ќе биде заедничка, но и поените, да докажат на дело дека навистина се за Европска унија“, рече вицепремиерот Маричиќ.

Маричиќ и денес, по кој знае кој пат, повтори дека блокадата на државата во овој момент има име и презиме, дека тоа е ВМРО-ДПМНЕ и пратениците на оваа политичка партија кои свесно, со политичка одлука ја блокираат државата во понатамошниот тек на преговорите.

реклама

Пет автомобили кои нема да ја дочекаат 2024 година

Read more

Астро љубов: Какви бивши сте според хороскопскиот знак?

Read more

Зошто нема расположение за секс во вашата врска?

Read more

Најопасниот хотел во светот: Среде море, опкружен со ајкули

Read more

Македонија

Сончево и студено, попладне облачноста ќе се зголемува

Read more

ЦУК: Најбарана Итната медицинска помош со 51% од реалните повици на 112

Read more

Одржана првата Школа за напредната срцева слабост

Read more

Епидемија на корупција во Македонија, црната листа на САД ќе се проширува

Read more
 

Вести

Ужас во центарот на Белград: Судир на трамвај и такси

Читај повеќе

Јужна Америка пред ескалација: Мадуро потпишува закони за анексија на делови од Гвајана

Читај повеќе

Полицијата го најде 20-годишникот кој канеше на кафе ученичка во Карбинци, не утврдила елементи на кривично дело

Читај повеќе

Топлотен бран ја погоди Австралија: Речиси 15°C над просекот во Сиднеј

Читај повеќе

Нацрт-резолуција: Израел мора да ги почитува хуманитарните обврски

Читај повеќе

ЕУ се договори како ќе ја регулира вештачката интелигенција

Читај повеќе

Сончево и студено, попладне облачноста ќе се зголемува

Читај повеќе
  • filter

Спречен шверц на повеќе од 500 делови за камиони

Читај повеќе

ЦУК: Најбарана Итната медицинска помош со 51% од реалните повици на 112

Читај повеќе