Маричиќ: Преговори или разговори околу македонскиот јазик и идентитет нема да има

Министерот за правда, Бојан Маричиќ уверува дека преговори или разговори околу македонскиот јазик и идентитет нема да има. Може да се разговара, како што вели, само за динамиката и за начините на спроведување на Договорот за добрососедство.

Маричиќ во вечерашното интервју за „Еурофокус“ на ТВ Телма нагласува дека нашата европска иднина не може да зависи од тоа дали можеме да бидеме Македонци и да зборуваме македонски јазаик. Тоа право ни е гарантирано со сите универзални меѓународни декларации и со принципите на ЕУ.

-На целата наша јавност треба да и е јасно и убеден сум дека и е јасно – ние ниту сакаме, ниту можеме да се откажеме од она што сме и од она што сме биле, како Македонци кои зборуваат македонски јазик. Интерпретацијата на определени фази од историјата каде што сме имале личности или настани што не врзуваат со Бугарија или може да ги третираме како заеднички или споделени, е нешто сосема друго и тоа е вредно за разгледување и за потенцирање, за евентуално научно предизвикување на некои вистини од нашата историографија, но тоа, по мое мислење, е работа на историчарите, дециден е министерот.

Според него, задача на политичарите е да одржуваат позитивна клима во која нема да има говор на омраза и предрасуди, туку ќе има разговор.

-И тука е одговорноста и на нашата страна и на Бугарија. Затоа мислам дека напорите да најдеме решение тука се важни зашто нашата европска иднина не може да зависи од тоа дали можеме да бидеме Македонци и да зборуваме македонски јазаик. Тоа право ни е гарантирано со сите универзални меѓународни декларации и со принципите на ЕУ. Затоа мислам дека немаме простор за тоа да разговараме, но можеме да направиме еден вид план како да се спроведува Договорот и кои прашања би се разгледувале во неговото спроведување, нагласи Маричиќ. 

Недвосмислено стојам зад премиерот Зоран Заев и неговите искрени намери во отворање на патот за почеток на преговорите, вели министерот за правда, Бојан Маричиќ.

-Овој процес не е ниту едноставен, ниту лесен. Мислам дека премиерот дообјасни многу од неговите ставови наредниот ден по интервјуто, вчера. Јасно и недвосмислено кажа дека можеме да разговараме за многу прашања со Бугарија и тоа го правиме и рамката на Договорот за добрососедство е таа, но нашиот идентитет, македонскиот јазик и правото на самоопределување како Македонци не се на маса на разговарање и тоа е многу важно за јавноста, за сите да бидат свесни дека во ниту еден момент, ниту премиерот, ниту Владата, не се со намера да преговараат и разговараат за нашиот идентитет, потенцира Маричиќ.

Ќе видиме, додаде министерот, како ќе протечат наредните денови.

-Она што за нас е битно е да опстоиме на идеата, намерата и напорите да ги отвориме преговорите. Секако, имаме наши ставови и позиции кои се јасно определни и искажани. Сметаме дека одредени прашања од историјата може да се дискутираат, но сепак, антифашистичкиот темел на нашата држава не е под прашање, ниту некогаш бил, истакна Маричиќ.

Тој оцени дека во наредниот период е важно да се најде модус како ќе функционираат билатeралните спорови во рамки на преговорите.

-Тоа е прашање и за ЕУ, не само за нас и за Бугарија. Затоа, и ЕУ и европските институции и државите членки како заинтересирани страни, учествуваат во дефинирањето на преговарачката рамка. За нас е главно прашање каков ќе биде третманот на билатералниот спор околу историските теми со Бугарија во рамките на преговорите, нагласи Маричиќ. 

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more

Македонија

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Read more

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more

Спречен атентат врз Зеленски

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе