Маричиќ: Случајот „Јавна соба“ ќе биде катализатор за побрза измена на законите и за подигнување на јавната свест

Случајот „Јавна соба“ ќе биде катализатор, потребните законски измени да се случат побрзо, а јавната свест за овој проблем да се издигне на повисоко ниво, напиша на својот Facebook профил министерот за правда Бојан Маричиќ.

– Сите сме длабоко вознемирени од случајот „Јавна соба“ кој го потресе цело наше општество. Пред сѐ како човек изразувам поддршка на жртвите кои поминале и сѐ уште поминуваат низ тежок период. Ги охрабрувам да бидат гласни и укажувам дека може да сметаат на нас, и дека заедно ќе се бориме против вакво зло, вели Маричиќ.

Овој случај ќе биде катализатор, како што вели министерот, потребните законски измени да се случат побрзо, а јавната свест за овој проблем да се издигне на повисоко ниво.

– Министерството за правда ги изработи измените на Кривичниот законик со кои се обезбедува значително поголема заштита на жртвите, како оние од „Јавна соба“. Измените се во согласност со Истанбулската конвенција и опфаќаат широк спектар на случаи кога жртви на сексуално, психичко и физичко насилство се жените. Никој не треба да го премолчува насилството! Да не стравуваме, да бидеме гласни и заедно да се избориме против насилниците, напиша министерот Маричиќ на Facebook.

реклама

Водич за мажи: Како да зборувате „безобразно“ за време на секс ?

Read more

Тајра Бенкс 48. роденден го прослави со фотографија во костим за капење

Read more

Првата студија покажа: Омикрон успешно го избегнува имунитетот стекнат по природен пат

Read more

Солзи и 8 часа сведочење: Жртва на Епстин зборуваше за „оргиите“ во авионот „Лолита експрес“

Read more

Хроника

Казни за 179 пијани возачи на територијата на цела држава

Read more

Приведени двајца лихвари од Штип

Read more

Со два воено-транспортни авиони од Бугарија ќе пристигнат посмртните останки од жртвите

Read more

Без струја утре дел од корисниците во Аеродром

Read more
 

Вести

Заев – Гаши: Има стабилно парламентарно мнозинство и стабилна Влада, не се потребни предвремени избори

Читај повеќе

Дневен ковид-биланс: 276 новозаразени и 5 починати

Читај повеќе

Утре во Скопје протест против висококатниците кај Холидеј Ин

Читај повеќе

Казни за 179 пијани возачи на територијата на цела држава

Читај повеќе

CNN го отпушти водителот Крис Куомо

Читај повеќе

Стојановиќ: Пуштањето на ТЕЦ Неготино ќе ја чини државата помалку отколку увоз на електрична енергија

Читај повеќе

Алтернатива ќе биде дел од Владата и од парламентарното мнозинство

Читај повеќе

Индиската армијата по грешка убила цивили

Читај повеќе

Утринска магла, а потоа облачно со повремен дожд и ветер

Читај повеќе