Свет

Марихуаната гори во пожарите во Калифорнија

12. октомври 2017 - 15:52 | А.С.

Пожарите во Калифорнија се покажаа катастрофални за локалните одгледувачи на канабис. Дел од нив само немоќни ги гледаа нивните посеви како горат до корен, а други сведочеа како чадот и пепелта ги загадуваат деликатните цветови на нивните насади со марихуана.

Пожарите во Мендосино се јужно од познатите насади во Хамболд Каунти, но сепак тоа е дел од областа позната како Емералд Траенгл.

Аманда Рејман, потпретседателка на „Community Relations“ во Флоу Кана, компанија за дистрибуција на канабис што соработува со мали одгледувачи во Емералд Траенгл, рече дека е запознаена со неколку случаи во Редвуд Вели во кои насадите се целосно уништени.

Таа нагласи дека голем дел од овие фармери нема да можат да добијат обештетување бидејќи на федерално ниво нивните насади се нелегални.

„Голем дел од фармерите инвестирале многу пари за да ги доведат нивните фарми до ниво што ги задоволува критериумите пропишани со законите на државата Калифорнија, а сега сѐ вивна во пламен.

Кристин Неведал, претседателка на одборот на Здружението на одгледувачи на канабис, рече дека некои фармери се соочуваат со загадување на изворите на вода за нивните насади.

Коментирај