Марихуана или алкохол: Што е поштетно?

Луѓето кои повремено палат џоинт често прибегнуваат кон аргументот дека алкохолот е многу поштетен по здравјето од марихуаната или хашишот.

Веќе сме свесни за опасностите од алкохолизмот. Но, постепено стануваме свесни и за опасностите од канабисот, чија рекреативна употреба е легализирана ширум светот. Кои се ефектите на алкохолот и канабисот врз нашето здравје? Што ако се опијанивте синоќа? Дали е исто како да сте „напушени“ преку ден? Еве што имаат да кажат научниците за тоа.

Дејство

Алкохолот е цитотоксин кој брзо продира во телото преку крвотокот. Тоа го отежнува преносот на информации во мозокот, а поголеми количини може да доведат до труење со алкохол.

Растението канабис содржи повеќе од шеесет канабиноиди, од кои THC е класифициран како најсилна психоактивна супстанција. Постојат многу канабиноидни рецептори во телото, вклучувајќи го и THC.

Општо земено, повеќе истражувања се посветени на ефектите на алкохолот. Што се однесува до истражувањето на канабисот, постојат дополнителни потешкотии бидејќи процентот на THC во растенијата многу варира.

Акутни негативни ефекти

Двете супстанции многу брзо влијаат на мозокот, намалувајќи го нивото на концентрација и способноста за паметење.

Алкохолот е една од најчестите причини за сообраќајни несреќи, но и канабисот ја намалува способноста за управување со возило.

Алкохолот кај некои луѓе ја нагласува агресивната природа - речиси секој трет чин на насилство се врши под дејство на алкохол.

Канабисот, од друга страна, релаксира и смирува многумина, но може да предизвика чувство на паника и параноја.

Долгорочна штета

Луѓето кои пијат алкохол често си го оштетуваат здравјето и го намалуваат животниот век.

Многумина притоа ќе помислат на зависници од алкохол. Но, повременото консумирање алкохол од секаков вид може да предизвика повеќе од двесте болести, вели Улрих Џон, лекар од Универзитетскиот медицински центар во Грајсфвалд, Германија.

Тие вклучуваат голем број на кардиоваскуларни заболувања, заболувања на црниот дроб и рак. Неодамнешните студии го отфрлија митот за позитивните ефекти од умереното консумирање алкохол. На пример, само три до шест чаши алкохол неделно го зголемуваат ризикот од рак на дојка.

Кога зборуваме за канабисот, постојат индикации за неговата поврзаност со болести како депресија или рак на тестисите. Неколку студии откриле зголемен ризик од психоза, особено ако се консумира на рана возраст.

Починати

Според проценките на Јакоб Ментеј, научник кој се занимава со проучување зависности, околу пет проценти од сите смртни случаи се поврзани со консумирање алкохол.

Но, може само да се претпостави дека има и смртни случаи поради консумирање канабис, додава германски психолог од Универзитетската клиника во Лајпциг. Во Германија, во 2019 година, најмалку педесет и две лица загинале во сообраќајни несреќи во кои улога имало канабисот или некој друг вид наркотици. Понатаму, повеќе од осумдесет проценти од потрошувачите пушат тутун покрај канабисот, што ги става во дополнителен ризик од рак.

Ризици за младите луѓе

И алкохолот и канабисот во адолесценцијата го оштетуваат развојот на мозокот.

Рајнер Томасиус, германски универзитетски професор и психијатар за деца и млади, предупредува дека дури и повремената употреба на канабис го оштетува мозокот, орган кој сѐ уште не е целосно развиен до осумнаесеттата година од животот. Несаканите последици се намалени нивоа на интелигенција, внимание и концентрација.

Истражувањата покажаа дека ризикот од развој на психоза се зголемува три до пет пати во случај на дневно консумирање канабис, во зависност од процентот на THC.

Центрите за рано откривање на психоза се неопходни, вели Андреас Хајнц, директор на Одделот за психијатрија и психотерапија во Универзитетската болница во Берлин.

„Ако општеството сака да дозволи употреба на наркотици, мора да се грижи за оние кои поминуваат под радарот.“

Во адолесценцијата, постои поголем ризик од хоспитализација поради труење со алкохол. Оние кои подоцна почнуваат да пијат на рана возраст се склони кон претерување, стануваат зависни.

Потенцијал за развој на зависност

Според Светската здравствена организација, канабис консумираат околу 147 милиони луѓе или 2,5 отсто од светската популација.

„Потрошувачката на алкохол е одговорна за три милиони смртни случаи секоја година на глобално ниво. Таа е одговорна и за лошата здравствена состојба на милиони луѓе“, соопшти Светската здравствена организација. „Генерално, злоупотребата на алкохол е одговорна за 5,1 отсто од глобалниот товар на болести.

Додека потрошувачката на алкохол и тутун се намалува кај младите во многу земји, пушењето канабис станува сè попопуларно, покажуваат истражувањата.

Здравствените експерти проценуваат дека потенцијалот за развој на зависност е ист за двете супстанци.

Сепак, за разлика од канабисот, одвикнувањето од алкохол носи особено тешки физички симптоми.

реклама

Русија го враќа ударот: Ќе носи војска на Куба и во Латинска Америка

Read more

Најпривлечната фудбалерка во светот ја потврди врската со Даглас Луис

Read more

Пукање во Украина: Војник со „калашников“ уби 5 чувари во воена фабрика

Read more

Најочигледниот знак дека ви треба повеќе витамин Д

Read more

Здравје

Топло или ладно кафе – кое е поздраво?

Read more

Јасни знаци дека ви недостига витамин Б

Read more

Најочигледниот знак дека ви треба повеќе витамин Д

Read more

Осум видови храна што ќе го заштитат здравјето на очите

Read more
 

Магазин

Зошто треба да поставите системи, а не цели?

Зошто треба да поставите системи, а не цели?

Читај повеќе

Што треба да прашате на интервју за работа?

Читај повеќе

Девет реченици кои не смеете да ги изговорите кога раскинувате

Читај повеќе

Зошто ригорозните диети не успеваат на долг рок?

Читај повеќе

Топло или ладно кафе – кое е поздраво?

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто треба да почнете да јадете хелда секој ден?

Читај повеќе

Јасни знаци дека ви недостига витамин Б

Читај повеќе

Која е најчестата причина за расправија во врска?

Читај повеќе
  • play_arrow

Фокусирајте се на нозете: 12 минути ефикасни вежби за слабеење

Читај повеќе