Марк Закерберг возврати на критиките од Тим Кук

Основачот на Facebook, Марк Закерберг, во интервју за Vox одговори на критиките упатени кон него од страна на Тим Кук, велејќи дека таквите обвинувања се целосно неосновани.

Тим Кук пред неколку дена рече дека е погрешно да се наплаќаат реклами кои можат да таргетираат одредени корисници, а притоа таквата услуга во вид на социјална мрежа да се рекламира како бесплатна.

„Аргументот дека ако луѓето не плаќаат, значи дека ние не се грижиме за нив е целосно погрешен. Воопшто не е соодветен со вистината. Реалноста е дека ние пробуваме да изградиме сервис кој ќе спои милијарди луѓе низ светот, па за да може таа идеја да биде реализирана, мораме да наплаќаме за рекламирање на социјалната мрежа“, изјави Закерберг за Vox.

Facebook се наоѓа под огромен притисок поради скандалот со Cambridge Analytica, компанија која работеше заедно со Доналд Трамп за време на претседателските избори. Неодамна беше докажано дека компанијата ги користела личните податоци на корисниците на Facebook за потоа да ги искористи за преку реклами да влијае на исходот од изборите.

Најголемиот проблем беше тоа што Facebook призна дека ги складира податоците на сите корисници и тие се отворени за огласувачите на социјалната мрежа, па на тој начин сите оние кои плаќаат за реклами можат да таргетираат одредена група на луѓе кај кои треба да се појавува рекламата.

„Вистината е дека ние би можеле да заработуваме огромни суми на пари ако го третиравме нашиот клиент како продукт. Но, намерно одбравме да не го правиме тоа“, изјави Тим Кук пред неколку дена, коментирајќи ја ситуацијата околу Facebook.

реклама

Вести

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Read more

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Read more

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Read more

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Откриено тајно brutality за Mortal Kombat 1

Читај повеќе

Poetry Camera ги претвора фотографиите во поезија

Читај повеќе

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Читај повеќе

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Читај повеќе

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Читај повеќе

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Читај повеќе

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Читај повеќе

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Читај повеќе

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Читај повеќе