Маркетинг стратегија за „МојДДВ, #Моја Награда“ и надградба на мобилната апликација

Скопје, 18 ноември 2019 (МИА) – Два милиони денари изнесува наградата што ќе биде доделена на компанијата што ќе победи на хакатонот за избор на иновативна маркетинг стратегија за наградната игра „МојДДВ,#МојаНаграда“, што го најавија Министерството за финансии и Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР).

На денешната инфо сесија со маркетинг агенциите ресорната министерка Нина Ангеловска информираше дека мобилната апликација за поврат на ДДВ ќе биде надградена и ќе има можност да се гледа износот на парите што ќе бидат исплатени, но и преку неа да се пријави кога нема да биде издадена фискална сметка.

– Со наградната игра ќе ги стимулираме не само да пријаваат дека не им е издадена фискална сметка, туку да сакаат да инсистираат да ја добијат затоа што фискалната сметка покрај тоа што учествува во повратот е и потенцијален добитник на награда, рече Ангеловска.

Апликацијата Мој ДДВ на месечно ниво ја користат 170.000 граѓани и во просек има околу 8,3 милиони скенирани фискални сметки. Наплатата на ДДВ во првиот квартал од примената на апликација, како што информираше Ангеловска, споредено со истиот период лани е зголемена за 23 проценти, што значи дека мерката ги дава резултатите.

Стратегијата за наградната игра треба да содржи брендирање, предлог концепт, дизајн, креатива, видео концепт, предлог за извлекувањата и прогласување на победниците за наградната игра „МојДДВ, #МојаНаграда”.

Пријавувањето е до една минута до полноќ на 27 ноември, а може да се пријават сите правни лица регистрирани согласно законот за трговски друштва, под услов во тимот, кој може да биде до шест лица, да вклучат и двајца студенти. Тие треба да бидат запишани на студии од областа на економијата, правото, организациски студии, дизајн, односи со јавност, технички науки или сродни студии.

Директорот на Фондот за иновации Јован Депостовски појасни дека одлучиле да организираат хакатон, а не избор на решение преку класична тендерска постапка, со цел да дадат шанса и на младите и иновативните идеи.

– Покрај правни субјекти, значи етаблирани маркетинг агенции, очекуваме во секој од тимовите да бидат вклучени студенти. Очекуваме дека добитните решенија зависно од одлуката на Комисијата ќе биде партнерство помеѓу етаблирана компанија и студенти, рече Деспотовски.

Натпреварот ќе трае три дена и ќе се одржи во Министерство за финансии, а на 1 декември ќе биде презентирано најдоброто решение, што ќе го избере Комисија составена од по еден член од Министерството за финансии, Управата за јавни приходи, ФИТР и професор по маркетинг.

Како што најави Ангеловска, првата исплата на повратот на ДДВ ќе биде меѓу 1 и 15 следниот месец, за скенирани фискални сметки во првиот квартал од примената на мерката, односно јули, август и септември. Ќе се доделуваат 10 дневни парични награди во износ од 1.000, 2.000 и 3.000 денари, како и 15 месечни и две главни награди.  Вкупната сума по основ на поврат на ДДВ за првиот квартал изнесува три милиони евра, односно по 60 милиони денари за јули, август и септември. Паричните награди ќе се исплаќаат на сметката што е пријавена при симнување на апликацијата. 

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Македонија

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарните избори

Read more

Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје

Read more

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Read more

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Read more
 

Вести

Инспектори затекнале диви менувачници на Бит-пазар, но наместо да ги запечатат, им дозволиле да работат

Читај повеќе

Fox News открива: САД потрошиле најмалку 113 милијарди долари за војната во Украина

Читај повеќе

Во Таџикистан уапсени 9 лица поврзани со масакрот во Москва

Читај повеќе

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарните избори

Читај повеќе

Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје

Читај повеќе

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Читај повеќе

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево: 3 млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Читај повеќе

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Читај повеќе

Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе