Марко Нелоски пред трансфер во Бундеслигатa

Марко Нелоски (21) кариерата треба да ја продолжи во Бундеслигата во екипата на ХСЦ 2000 Кобург. Нелоски по завршувањето на сезоната побара да биде раскинат неговиот договор со Металург, а кога ќе бидат надминати некои административни пречки, тој ќе може да го реализира трансферот во овој германски тим.

Бундеслигашот ХСЦ 2000 Кобург бара замена за повредениот лев бек Том Вецел, кој најмалку шест месеци ќе отсуствува од ракометните терени. Бундеслигашот замена за Вецел најде во македонскиот репрезентативец Нелоски.

„Тој ги има сите предуслови да го пополни тоа место. Импресионирани сме од неговите квалитети, но постојат уште некои бирократски пречки за да се реализира трансферот. Сѐ уште нема зелено светло за реализација на трансферот“, изјави тренерот на  германската екипа, Јан Гор.

Интернет-страницата infranken.de за Нелоски пишува дека е млад играч со големо меѓународно искуство, односно дека во последните три сезони со Металург редовно игра во фазата по групи во Лигата на шампионите.

Од друга страна, според пишувањата на некои македонски медиуми, трансферот на Нелоски во Германија ќе биде реализиран во наредните денови, а ХСЦ 2000 Кобург за неговите услуги ќе плати 15.000 евра.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Read more

Ракомет

Вардар го доби дербито против Еурофарм Пелистер, блескаше голманот Томовски

Read more

Познати четвртфиналните двојки во Лигата на шампионите, тронот го брани Магдебург

Read more

Најдебелиот ракометар во светот има нов клуб, доаѓа во соседството

Read more

РФМ ќе ги награди сениорските селекции ако се пласираат на СП и ЕП

Read more
 

Спорт

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе