Марко Симоновски се врати во МЗТ

Македонскиот кошаркарски репрезентативец, Марко Симоновски (27 год, 191 см), во новата сезона повторно ќе го носи дресот на МЗТ Скопје Аеродром, објави клубот на својата интернет страница. Симоновски минатата сезона играше за Куманово, а во кариерата играл и за Вардар, Работнички, Фени индустри како и за австрискиот прволигаш Аркадија лајонс.

Марко Симоновски, втор пат во кариерата ќе биде дел од тимот на МЗТ, пред две сезони беше избран за најкорисен играч (МВП) на финалната плејоф-серија (заедно со Сеад Шеховиќ), кога имаше просек од 7,8 поени и 2,2 скока во АБА-лигата односно 9,4 поени и 2,4 скока во домашното првенство.

Инаку, Симоновски е на списокот на играчи кои конкурираат за место во репрезентацијата, но се уште им се нема приклучено на соиграчите кои се подготвуваат за квалификациските натпревари, поради повреда на грбот.

Симоновски е четвртиот кошаркар кој потпиша за  МЗТ Скопје Аеродром во летниот преоден рок и тоа по Холанѓанецот Шарлон Клоф, Американецот Џош Скот и повратникот во екипата, Србинот Ѓорѓе Дреновац. 

реклама

Кошарка

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Read more

Сега е официјално: Јокиќ против Дончиќ за титулата МВП

Read more

Далас на Дончиќ поразен на стартот од плеј-офот, Харден и Зубац одржаа лекција по кошарка

Read more

Јокиќ против Лејкерс дојде облечен како Гру

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе