Новиот трилер со Лиам Нисон доминираше на бокс-офисот во Северна Америка, со заработка од 3.2 милиони долари од премиерното прикажување.
„Wonder Woman 1984“ заврши на второто место, со заработка од 2.6 милиони долари изминатиот викенд.
„The Marksman“ е во режија на Роберт Лоренц, долгогодишен соработник на Клинт Иствуд и во него го гледаме Лиам Нисон во улога на ранчер во Аризона и поранешен маринец кој спасува момче од канџите на мексикански картел.
На третото место на листата најгледани филмови е „The Croods: A New Age“, со заработка од 2 милиони долари.
Меѓу првите пет се и „News of the World“ со заработка од 1 милиони долари и „Monster Hunter“, со 920.000 долари.