Марс е аут, нов хит е Венера: Што ќе бара НАСА на втората планета од Сонцето?

Американската вселенска агенција НАСА неодамна најави две нови мисии на Венера - DaVinci+ и Veritas.

DaVinci+ (Deep Atmosphere Venus Investigation of Noble gases, Chemistry, and Imaging) ќе ја анализира атмосферата на Венера, а Veritas (Venus Emissivity, Radio Science, InSAR, Topography, and Spectroscopy) ќе ја мапира нејзината површина. За овие две мисии ќе бидат издвоени 500 милиони долари, а тие ќе бидат лансирани во периодот од 2028 до 2030 година.

„Целта на овие две сестрински мисии е да разберат како Венера стана свет сличен на пекол, способен да стопи олово на површината“, рече Бил Нелсон, извршен директор на НАСА. Оваа објава воодушеви многу космолози, особено оние кои веруваат дека НАСА го занемарила истражувањето на Венера во корист на нашиот друг планетарен сосед Марс, на кој во последните три децении испратила повеќе од десетина роботски мисии.

Дали Венера е слична на Земјата?

Венера, најблиската планетарна братучетка на Земјата, е втора планета од Сонцето. По структура е слична на Земјата, но е нешто помала (нејзиниот дијаметар е 12.104, а на Земјата 12.742 километри) и е врела. Температурата на површината на оваа планета се искачува над 480 степени Целзиусови, така што Венера е потопла од Меркур, иако тој е многу поблиску до Сонцето. Венера ротира спротивно на сите други планети. И тоа го прави многу бавно. Додека да се изротира еднаш околу својата оска, Земјата го прави тоа 243 пати. Релјефот на Венера се состои главно од благи низини, од кои висорамнини со пропорции како на Земјата, кои се издигнуваат до висина од три до четири километри, и многу вулкани, главно згаснати. Венера има 167 вулкани, од кои десетина се активни.

Кога луѓето ја откриле Венера?

Како најсветло небесно тело по Сонцето и Месечината, Венера сигурно им била позната на луѓето уште од праисторијата. Името го добила по Венера, римската божица на убавината, а во античка Грција имала две имиња: Еосфор кога се појавувала наутро и Хеспер кога ќе се појавела навечер. За голо око, Венера изгледа како блескава бела топка со скоро целосно хомогена атмосфера. Бидејќи е многу добро видлива на небото, поголемиот дел од времето без никакви оптички помагала, луѓето ја нарекуваа ѕвезда Деница, односно Вечерница.

Набљудувањата на оваа планета се поврзани со некои од најважните сознанија од историјата на науката. Кога го насочил телескопот кон Венера во 1610 година, Галилео Галилеј открил дека планетата покажува фази (промени), што е директен доказ дека се врти околу Сонцето. Тоа беше силен доказ за поддршка на теоријата на Коперник дека Сонцето, а не Земјата, е во центарот на Сончевиот Систем, како што проповедала Црквата.

Зошто атмосферата на Венера е пеколна?

Атмосферата на Венера беше откриена во 1761 година од рускиот научник Михаил Ломоносов додека го набљудуваше транзитот на Венера од неговата куќа во Санкт Петербург. Атмосферата на Венера се протега до 80 километри над површината и се состои главно од јаглерод диоксид (96,5 проценти), азот и други гасови во трагови, (водена пареа, сулфур диоксид и аргон). Облаците на Венера не се направени од водена пареа, туку од сулфурна киселина. Таквата густа атмосфера предизвикува ефект на стаклена градина што ја зголемува температурата на дури 480 степени Целзиусови на површината, што е доволно за да се стопи оловото. Атмосферскиот притисок врз површината на Венера е околу 90 пати поголем од притисокот врз површината на нашата планета. Ветерот во атмосферата достигнува брзина од околу сто метри во секунда.

Кои беа мисиите во Венера досега?

Досега кон Венера биле испратени неколку летала, претежно руски и американски. Но, екстремните услови што владеат на површината на таа планета во голема мера го комплицираат нејзиното истражување, и затоа многу мисии беа неуспешни. На пример, првото вселенско летало до Венера беше рускиот Спутник 7 од 1961 година, а мисијата заврши безуспешно, како и неколку подоцнежни руски и американски мисии. Прв кој слета на Венера на 15 декември 1970 година беше советскиот вселенски брод Венера 7, кој издржа 23 минути. Потоа следуваше вселенското летало Венера 8, кое беше активно 50 минути, на 22 јули 1972 година.

Првите слики на површината беа направени во 1975 година од страна на Венера 9, а потоа во следните години од страна на Венера 10, 13 и 14. Од 1983 до 1985 година, Венера 15 и Венера 16 направија мапа на областа околу нејзиниот Северен Пол. Американското летало во орбитата Pioneer 12 (1978-1992) и Magellan (1990-1994) го снимија релјефот на Венера со помош на радар. Вселенското летало на НАСА Galileo исто така, на пат кон Јупитер, ја „посети“ Венера. Европскиот орбитер Venus Express сними податоци од атмосферата на Венера (2005-2015). Во орбитата околу Венера во моментов се наоѓа леталото Akatuski, лансирано од јапонската вселенска агенција (JAXA) во мај 2010 година.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Наука

НАСА: Упс!

Read more

Најсилната соларна бура во историјата беше поголема отколку што мислевме

Read more

Месечината се превртела одвнатре нанадвор пред милијарди години

Read more

Имаме само уште две години да ја спасиме планетата Земја

Read more
 

Гик

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Читај повеќе
  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Читај повеќе

Последен поздрав од Марс

Читај повеќе
  • filter

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Читај повеќе

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Читај повеќе
  • filter

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Читај повеќе
  • filter

Фосили од огромен морски рептил пронајдени во Англија

Читај повеќе
  • play_arrow

Неверојатна глетка снимена за прв пат во историјата: Пингвини скокаат од 15 метри

Читај повеќе