Марсело замина во пензија

Макфакс/Кајгана
/ 06.02.2025 / 15:55

Легендарниот Бразилец, поранешен капитен на Реал Мадрид, Марсело (36), замина во пензија. Во кариерата одигра 721 натпревар, постигна 58 голови и забележа 117 асистенции. Се пензионира како еден од најтрофејните фудбалери во историјата на Реал и со статуст на еден од најдобрите леви бекови во историјата на фудбалот.

Бразилскиот клуб Флуминенси му го раскина договорот на почетокот на ноември минатата година по инцидентот што се случи неколку дена претходно на мечот со Гремиу (2:2).

Имено, тренерот на Флуминенсу, Ману Менезис, го подготви Марсело да влезе во игра, а потоа во последен момент ја повлече таа одлука и го врати на клупата.

Како што може да се види на видеото, Менезис нешто му објаснува на Марсело, потоа му се налутува и ја откажува замената. Според една верзија на настаните, Марсело му рекол на Менезис да не го „допира“, додека друга верзија на настаните вели дека Марсело одбил да исполни одредени тактички замисли на Менезис. Поради тоа клубот презеде драстични мерки.

Последниот натпревар го одигра на 26 ноември минатата година кога одигра 16 минути на пријателскиот натпревар на Флуминенси против Виторија.

Откако во 2005 година дебитираше за Флуминенси и постигна гол на тој натпревар, набрзо на 18-годишна возраст потпиша договор со Реал Мадрид. Во клубот остана до 2022 година и со него 6 пати ја освои Ла Лига и 5 пати Лигата на шампионите, а вкупно со освои 25 трофеи. За Реал одигра 546 натпревари.

Победникот на Купот на конфедерациите во 2013 година со Бразил во кариерата одигра и 10 натпревари за Олимпијакос.

Тагови
реклама

Хороскопски знаци на кои ќе им „паѓаат пари од небо“ во 2026 година

Read more

Ново мапирање откри древни планини, езера и реки под ледената покривка на Антарктикот

Read more

Ново сценарио за Гренланд е сè поверојатно: „Тоа е трајна стапица“

Read more

Кога е најдобро да пешачите за намалување на крвниот притисок?

Read more

Фудбал

Касемиро мора да игра на секој натпревар до крајот на сезоната за нов договор

Read more

Новиот „LinkedIn менаџер“ на Челси ги иритира навивачите

Read more

Дали Реал Мадрид ќе се извлече од кризата?

Read more

Шкендија ќе игра против Самсунспор во плејофот од Конференциската лига

Read more
 

Спорт

Касемиро мора да игра на секој натпревар до крајот на сезоната за нов договор

Читај повеќе

Новиот „LinkedIn менаџер“ на Челси ги иритира навивачите

Читај повеќе

Дали Реал Мадрид ќе се извлече од кризата?

Читај повеќе
  • play_arrow

Спектакуларна презентација на болидот на Ред Бул

Читај повеќе

Шкендија ќе игра против Самсунспор во плејофот од Конференциската лига

Читај повеќе
  • play_arrow

Ловрен: Поразот во финалето на Мундијалот 2018 можеби беше политичка одлука

Читај повеќе

Синер: Допинг скандалот и казната ме направија уште посилен

Читај повеќе
  • play_arrow

Уште во јануари падна забивањето на годината: Бекот на Орландо овековечи четворица на постер

Читај повеќе

Милан испрати понуда до Партизан за Андреј Костиќ

Читај повеќе