Марта Маркоска од Интернационалниот поетски фестивал во Гранада: Никарагва е исклучително пријателска земја

На покана на организаторите на Интернационалниот поетски фестивал во Гранада, Никарагва, поетесата Марта Маркоска гостува на престижниот настан каде од 11 до 17 февруари го претставува своето авторско творештво.

Поетскиот фестивал во Гранада е со долгогодишна традиција и воедно претставува еден од најголемите поетски фестивали во Централна Америка. Ова е негово четиринаесетто издание, а е посветено во спомен и чест на починатите поети Фернандо Силва Еспиноза од Никарагва и поетот Роберто Соса од Хондурас.

Маркоска досега има единаесет авторски објави и препеви на нејзините песни, на преку 11 јазици, меѓу кои и најновиот препев, „Црне рупе у нама“, во издание на „Граматик“ од Белград, чие излегување беше промовирано неодамна.

Препевот на песните од книгата „Црни дупки во нас“, од македонски на шпански, го направи Сања Михајловиќ – Костадиновска, а нивната лектура, познатиот кубански поет, Виктор Родригез – Нунез.

„Никарагва е исклучително пријателска земја. Луѓето во Гранада живеат како во некоја огромна комуна во која владее утопија. Сѐ се случува на улиците, врие од живот, бидејќи, сѐ е излезено надвор, дење-ноќе. Вчерашниот поетски караван се одвиваше во должина од 4 километри, а беше проследен со карневал. Сите поети се претставивме пред огромна публика која беше дел од поворката на карневалот“, изјави Маркоска за порталот Кајгана од Гранада.

Годинава, на интернационалниот поетски фестивал во Гранада гостуваат 118 поети од целиот свет. Поетесата Марта Маркоска е единствена претставничка од Македонија.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Култура

Марко Бањоли во Чифте амам

Read more

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Read more

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Read more

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Read more
 

Вести

Макрон и Идалго ќе пливаат во Сена за да го докажат добриот квалитет на водата за Олимпијадата

Читај повеќе

Кореец уби 76 мачки, почнал да ги мрази оти му го изгребале автомобилот

Читај повеќе

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Читај повеќе

Извештај за човекови права во Македонија на Стејт департментот: Недоверба кон судството, насилства кон ЛГБТ заедницата и поткопана слобода на изразување

Читај повеќе

Одрони на неколку патни правци

Читај повеќе

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Читај повеќе

Уапсен ученик во основно училиште во Влае: Кршел инвентар, физички нападнал соученици и двајца наставници

Читај повеќе

Москва: Западот им го прави на Украинците она што им беше направено на домородните Американци

Читај повеќе

Мотоциклист удрил во пешак на Партизанска, двајцата повредени

Читај повеќе